Хотел ,,Илинден”

Градот Крушево има солидна бројка на угостителски објекти, меѓу кои: три хотели (од кои два моментално се во функција), поголем број на кафани и ресторани, неколку пицерии, кафулиња и еден ноќен клуб. Ноќниот живот претежно во летниот период нуди доста различни видови на забави, главно во кафулињата, но во последните неколку години доста популарни за излегување се и рестораните и пицериите кои исто така нудат своја програма.

Најстариот хотел во Крушево кој се уште постои е хотел “Илинден”, кој започнал со работа во далечната 1947 година. Ова не бил прв хотел во Крушево. Првиот крушевски хотел се викал “Македонија” и се наоѓал точно во централното градско подрачје, меѓутоа тој хотел денес не постои. Хотел Илинден е хотел со долга традиција, особено познат по прекрасната тераса со поглед кон градот каде порано секое лето имало вечерни забави со жива музика и настапувале големи имиња и ѕвезди. Хотелот денес е во фаза на целосно реновирање и се очекува во некое догледно време повторно да започни со работа.

Хотел ,,Монтана”

Градот Крушево има солидна бројка на угостителски објекти, меѓу кои: три хотели (од кои два моментално се во функција), поголем број на кафани и ресторани, неколку пицерии, кафулиња и еден ноќен клуб. Ноќниот живот претеќно во летниот период нуди доста различни видови на забави, главно во кафулињата, но во последните неколку години доста популарни за излегување се и рестораните и пицериите кои исто така нудат своја програма.

Хотел “Монтана” е најпрепознатливиот симбол на градот Крушево. Неговата изградба започнала во 1972 година, а започнал со работа во 1974 година. Хотел “Монтана” се уште важи за хотел со реноме, порано бил хотел од висока Б категорија, а денес претставува хотел со 4 ѕвезди со широка понуда и препознатлива услуга, љубезен персонал и одлична кујна каде имате можност да пробате и доста традиционални крушевски специјалитети. Хотелот има одлична локација и тераса со неверојатен поглед кон градот. Исто така има и прекрасно природно опкружување. Едноставно, секој што бил сака пак да се врати!

Ресторан ,,Крушевска Одаја”

Градот Крушево има голема бројка на угостителски објекти, меѓу кои: три хотели (од кои два моментално се во функција), поголем број на кафеани и ресторани, неколку пицерии, кафулиња и еден ноќен клуб. Ноќниот живот претежно во летниот период нуди доста различни видови на забави, главно во кафулињата, но во последните неколку години доста популарни за излегување се и рестораните и пицериите кои исто така нудат своја програма.

Доколку сте љубители на етно-стилот и традицијата, несомнено нема да згрешите ако го посетите ресторанот “Крушевска одаја”, релативно нов ресторан кој работи неколку години, но е уникатен најпрво по изгледот, а потоа и по храната.

Ресторанот се наоѓа непосредно до спомен куќата на нашата ѕвезда Тоше Проески. Таму ќе вкусите голем број на крушевски специјалитети подготвени од вештите раце на крушевските жени, а секако атмосферата ја надополнуваат и забавите со жива музика!

Музеј на Илинденското востание

Крушево е еден од ретките градови со доста богата историја. За тоа сведочат доста градби кои постојат и денес. Има вкупно шест музеи и секој од нив си има своја приказна за одредени ликови и настани кои се случиле во минатото, а се значајни во создавањето на Крушево како град, па дури и на македонската држава.

Оваа куќа-музеј се наоѓа во Мијачкото маало во Крушево, високо издигната стара градба од 19 век која надворешно ги има сите карактеристики како старите крушевски куќи. Оваа куќа е една од најзначајните воопшто, од причина што во оваа куќа, на 2-ри август 1903 година тука е прогласена Крушевската Република – прва на Балканот.

Музејот бил отворен на педесетгодишнината од востанието, на 2 август 1953 година и внатре можат да се погледнат важни артефакти, фотографии и експонати од оружје, како и оригиналниот крушевски манифест.

Посетете го овој музеј, почувствувајте го духот на Илинден и дознајте како се создавала македонската држава!

Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)