Крушево и околината се многу разнолики во понудата за планинарење. Има кратки и долги патеки, има планински и градски предели со различни нивоа на тежина.

Во Крушево се организираат и неколку настани кои, меѓу другото, организираат планинарски и пешачки тури кои ги опфаќаат пределите Гумење, споменикот Слива, манастирот Св. Преображение, планинскиот врв Мусица, околината на селата Пуста Река, Дивјаци и други.

Овие предели нудат разни нивоа на патеки кои одговараат и на поискусни и на понеискусни планинари.

ФОТО

Крушево има и 4 соодветно означени планинарски патеки во должина од 42 километри. Знаците на патеките содржат детални информации за насоките и должината на конкретната рута и затоа токму овие патеки се поволни за користење дури и да не го познавате доволно теренот.

Настаните When in Krusevo и Крушево низ корија организираат по неколку планинарски, пешачки и ботанички тури секоја година кои ќе ви овозможат да бидете физички активни, да го запознаете теренот и да дишете чист воздух. За поискусните тука се така наречените големи планинарски тури кои во рамки на овие два настани можат да ги испробаат.

ФОТО

Во оваа понуда на Крушево свесно ги поставивме ботаничките тури кои вклучуваат пешачење по ридестите предели на градот и истражување на билките и растенијата кои живеат во крушевската корија.

Крушево е местото за адреналин, чист воздух и авантура која ќе ве натера повторно да го „пробате“ Крушево.

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)

Krusevo Advisor

Krusevo Advisor