Хотел ,,Монтана”
Градот Крушево има солидна бројка на угостителски објекти, меѓу кои: три хотели (од кои два моментално се во функција), поголем број на кафани и ресторани, неколку пицерии, кафулиња и еден ноќен клуб. Ноќниот живот претеќно во летниот период нуди доста различни видови на забави, главно во кафулињата, но во последните неколку години доста популарни за излегување се и рестораните и пицериите кои исто така нудат своја програма.

Хотел “Монтана” е најпрепознатливиот симбол на градот Крушево. Неговата изградба започнала во 1972 година, а започнал со работа во 1974 година. Хотел “Монтана” се уште важи за хотел со реноме, порано бил хотел од висока Б категорија, а денес претставува хотел со 4 ѕвезди со широка понуда и препознатлива услуга, љубезен персонал и одлична кујна каде имате можност да пробате и доста традиционални крушевски специјалитети. Хотелот има одлична локација и тераса со неверојатен поглед кон градот. Исто така има и прекрасно природно опкружување. Едноставно, секој што бил сака пак да се врати!