Сместување


Хотел „Монтана Палас“
Еден од најстарите хотели во Крушево кои нудат топлина, комфор и избор на вкусови сите специјалитети од крушевската кујна.

Хотел Панорама и Спа
Базен, спа, масажа, вкусна храна, авантура (велосипеди и АТВ возила) уникатно крушевско гостопримство – синоними за хотел Панорама и спа.

Бегова корија - Авантуристички парк
Бегова корија – авантуристички парк е сместен длабоко во природата на Крушево, во непсоредна близина на скијачките терени и Гумење.

Вила Фила
На само 10 минути од центарот на градот Вила Фила нуди топли и удобни апартмани по исклучително ниска цена.

Вила Јовко
Вила Јовко е сместена на самиот влез на град Крушево. Ви нуди фамилијарни апартмани и поврзаност со центарот на градот.
Топлина, неодолив поглед кон градот и мирис на ново. Вила Себастијан ви го нуди најуникатниот престој во Крушево.

Апартмани Ариа
На самиот влез на градот свежо отворени апартмани и такси услуга на располагање – апартмани Ариа.

Апартмани Ла Штабе
Целосно реновирани апартмани со такси услуги. Постете ги Ла Штабе апартманите.

Апартмани Никола
Во центарот на Крушево, по највисоки стандарди подготвени апартмани Никола.

Каса Мулар
Најнови апартмани во Крушево кои се наоѓаат во центарот на градот, на само 100-тина метри од локалните кафулиња, ресторани и пицерии. @CasaMular

Вила Флора
Прекрасен поглед, избор на луксузни апартмани и сопствен паркинг – Вила Флора

On Top Apartments
На улицата именувана по нашиот познат пејач Тоше Проески се наоѓаат неодоливите On Top Apartments.

Вила Пажик
Вила Пажик во центарот на градот, веднаш до автобуската станица и локалните кафулиња, ресторани и пицерии. Апартмани со 3 ѕвезди, од највисок стандард.

Апартмани Бубамара
Во најстрогиот центар на градот, на само неколку секунди од плоштадот Никола Мартиновски, ќе ги најдете Апартмани Бубамара кои пријатно ќе ве изненадат со нивниот комфор и топлина. Апартманите располагаат со сопствена кујна, купатило, кабелска телевизија, интернет, паркинг место, а имаат и централно греење.
Апартман Нане е вашето вистинско место за одмор. Апартманот е опкружен со прекрасна природа која ќе ве одмори и ќе ви ги наполни батериите.

Maya's Apartments
Еден од најновите апартмани во Крушево со прекрасен поглед кон градот – Maya’s Apartments

Апартмани Нули
Во непосредна близина на хотелската зона и споменичната целина Питу Гули се наоѓаат Nuli Apartments. Нема да погрешите доколку ги одберите за вашиот најубав престој во Крушево.

Апартмани Марија
Апартмани Марија се наоѓа во близина на хотелската зона на само неколку минути од центарот на градот. Удобен престој е она што ве очекува!

Вила Папу
Удобен престој, долгогодишна работа и високо квалитетна услуга – Вила Папу.

Апартмани Дорис
Нови, луксузни апартмани со сопствен паркинг на само 100-тина метри од центарот, спомен куќата „Тодор Проески“ и Македониум.

Етно Вила
Етно вила
Во центарот на градот со прекрасно дворно место, паркинг и комоција
Целосно реновирани апартмани и такси услуга на едно место – апартмани Алекс

Вила Тоше Д.
Вила Тоше Д. – сместена во центарот на градот веднаш до продавницата за локум, најпопуларните локални кафулиња и најпосетените ресторани.

Вила Павиа
Посетете ја Вила Павиа и уживајте во традиционални староградски стил на Крушево.

Вила Ла Кола
Топло ви ја препорачуваме Вила ла Кола. Апартмани со традиционален етно стил и многу содржини.

Вила Гора
Луксузот и совршената услуга се доминантните карактеристики на Вила Гора.
Ресторани


Впечатлив етно стил и храна со уникатен вкус. Посетете ја Крушевска Одаја во непосредна близина на спомен куќата „Тодор Проески“ и споменикот Македониум.

Пицерија Скар – местото каде што ќе пробате пита, ајвар, крушевско сирење, но и специјалитети од други кујни. Плус, прекрасен староградски амбиент.

Ресторан со најголема традиција, многу крушевски специјалитети и сместен во непосредна близина на локалните кафулиња и ноќни клубови. @РесторанШапе

Местото за традиционален крушевска ќепаб. На улица „Тодор Проески“ во центарот на градот – гостилница Марчело

Првиот ресторан на кој што ќе наидете при влезот во Крушево. Љубезен персонал, вкусни пица, топено сирење и Рома грне. Посетете ја пицерија Рома.

Најнов ресторан во градот со сопствени апартмани – ресторан Либра.
Музеи


На самиот влез во градот, ако погледнете нагоре од десната страна, ќе забележите една прекрасна градба – една од најубавите крушевски куќи. Во оваа куќа е изложено добар дел од творештвото на еден од позначајните македонски сликари на 20 век – Никола Мартиновски кој по потекло е од Крушево.
Галерија Никола Мартиноски

Кога ќе се спомне градот Крушево, една од првите работи кои ни “паѓаат на памет” дефинитивно е споменикот “Македониум”. Неговата изградба започнала во 1972 година, а започнал со работа во 1974 година.

Спомен куќата Тодор Проески се наоѓа на месноста “Гумење”, а во непосредна близина е и вечното почивалиште на Тоше Проески. Ова претставува еден објект кој е изграден во најмодерен стил, во форма на крст. Прочитајте повеќе на следниот линк.

На местото на музејот на Илинденско востание на 2-ри август 1903 година е прогласена Крушевска Република. Овој музеј денес сведочи за најзначајниот настан од историјата на Македонија и Крушево.

За време на Илинденското востание во леарницата се изработувале оружја и муниција. Уште еден историски значаен споменик за Крушево

Музејот на народноослободителната борба ја означува борбата во Втората Светска земја. Музејот е отворен секој ден освен понеделник од 9 до 16 часот.
Историја

Многу научници кои што пишувале за Крушево, мислеле дека Крушево било нова населба основана во 18ти век, со наслување на Влашките одгледувачи на говеда во оваа област. Подоцна се докажало дека Крушево е многу постара населба.
Последните достапни документи потврдуваат дека Крушево е за прв пат спомнато во 1767 година како мезра (место без популација кое што понекогаш е населувано и подоцна мигрирано, или никогаш не било населено, но требало да биде дадено во сопственост на земјопоседник со цел да се насели) во сопственост на земјопоседникот Хусеин Бег, заедно со Прилеп и другите села.
Има и други турски и други извори кои што тврдат дека Крушево постоело како населба долго пред 18ти век. Изгледа дека првите жители на Крушево биле Македонци кои што го дале името на оваа населба.
На почеток, Крушево било мала населба за одгледување говеда, а брзиот раст е поврзан со населувањето на Власите во 18ти век, за потоа да следи бројна македонска популација. Најголемиот број на Власи дошле од Москополе, Албанија, и други региони, бегајќи од Отоманската опресија, додека Македонците се од Дебарскиот регион и други места од западна Македонија кои исто така бегале од насилството барајќи подобар живот. Меѓу нив имало вешти трговци (особено меѓу Власите), а исто така имало и доста занаетчии, одгледувачи на стока, професии кои што дале одреден карактер на градот.
Повеќе за историјата на Крушево, поважни настани, постоечки споменици и музеи и како да ја истражите историјата на Крушево можете да најдете во секции „Блог“ и „Знаменитости“.