Како си поминав викендов?

Се почувствував мирно, почестено и културолошки издигнато. И тоа, само поради еден ден од еден настан.

Настанот кој ме восхити изминатиот викенд, а веројатно не беше само заради програмата, туку и заради локацијата и временските услови ми остави слика на еден обичен викенд, но кој ќе го паметам по пријатно чувство.

Cinedays Warm-up 2024 претстави неколку филмови, проследивме разговор на уметници и уживавме гледајќи ту во екранот, ту во ѕвездите пругоре.

ПОВРЗАНО: Патешествието на данскиот бенд во потрага по македонски музичари

Само што ќе стапне човек на Гумење ја чувствува историјата. Чекорејќи кон Македониум чувство на чистота и искреност поминуваат низ телото и умот. Не можеш, а да не се запрашаш за идеалите врз кои е градена историјата.

Наближувам кон т.н. „училница“ пред споменикот Илинден. Пред мене екран, а во позадина се издигнува познатиот споменик. Светла, бои, силуети. Тука се случува филмска уметност.

Владее тишина и засилена сосредоточеност на присутните додека течат последните кадри. Настанот продолжува со разговор помеѓу режисери и тоа е толку убаво искуство. Слушаме дискусија за филмските стилови на конкретен автор. Слушаме зборови со кои се опишува креативната професионалност на режисерите и продуцентите.

Македонската продукција не изостанува. Прекрасната вечер завршува со краток филм од македонски автор, на македонски јазик и македонско секојдневие.

Ова беше не толку често искуство за нашиот град. Жал ми е што не успеав да присуствувам на првиот ден, но не зажалив што саботната вечер не ја поминав помеѓу гужвите во центарот на Крушево.

Го напуштаме Македониум. Тргнуваме кон Гумење и со блага насмевка завршува уште еден ден.

Share on:

Патешествието на данскиот бенд во потрага по македонски музичари – Cinedays Warm-Up 21 и 22 во Крушево

Проекција на неколку филмови во рамки на Синедејс загревање 2024 (Cinedays Warm-Up) во Крушево, на Македониум, на 21-ви и 22-ри јуни.

Се сеќавате на бендот од Данска кој минатата година настапуваше пред споменикот Илинден и какво позитивно изненадување беше за сите нас?

Е токму патешествието на овој бенд ќе биде прикажано преку документарен филм Ефтеркланг: Македониум бенд. Настанот ќе започне во 20:30 ч. со проекција на македонскиот филм „Дали си маж“. По прикажувањата вечерта ќе продолжи со концерт на бендот Д Локал Блу (The Local Blue) од Скопје.

Настанот ќе продолжи и во сабота, 22 јуни, со прикажување на Злосторството е мое. Во текот на вечерта ќе проследиме разговор со Златко Ѓелевски, автор и филмски критичар, и Ана Алексовска – продуцент и режисер. За крај – проекција на краткиот филм ТИК – ТАК.

Настанот е во организација на Europe House Skopje

Share on:

За Тоше и Христо Мулар, недела на гитара и спорт

Во спомен на Тоше и P.S. Guitar Fest Krushevo на Христо Христоски Мулар измина минатата недела. Домаќините победија на фудбалскиот турнир во чест на Тоше, а ние имавме чест да проследиме дел од музичкиот настан.

Во спомен куќата „Тодор Проески“ се одржа 15-тото издание на фестивалот на гитара кој го започна сега покојниот Христо Христоски Мулар, а го прододолжи синот на Христо – Перо Мулар.

Настанот го најавивме преку едно пријатно интервју со Перо, а нашите фотографии зборуваат за високото ниво на уметност кое 3 дена се претставуваше во Крушево.

Дуо Балкан (Луна Лилиќ и Матеј Детељ)

Првиот ден од настанот започна со настап на Дарко Багески кој го заокружи своето претставување со една од најомилените нумери, како што кажа тој, на Христо Христоски Мулар.

ПОВРЗАНО: Музика, уметност и спорт викендов во Крушево

„Да беше денес тука сигурен сум дека ќе уживаше во она што ќе го отсвирам за крај“, кажа Багески пред да го заокружи настапот.

Дуо Балкан се заблагодарија за поканата на P.S. Guitar Fest Krushevo и изразија задоволство што учествуваат на настанот.

Share on:

Музика, уметност и спорт викендов во Крушево

2 настани викендов во Крушево. Утре, на 21.05.2024, започнува 15-тото издание на P.S. Guitar Fest Krushevo во често на Христо Христоски Мулар. Втор настан кој започнува со свечено отворање во петок е 14-от Меѓунарден турнир во мал фудбал „Тоше Проески“.

P.S. Guitar Fest Krushevo го најавивме преку интервју со синот на Христо Христоски Мулар, Перо Мулар. Фестивалот ќе трае 3 дена, а концертите ќе се одржуваат во спомен куќата „Тодор Проески“. Целосната програма проследете ја тука.

Програма – P.S. Guitar Fest Krushevo

Веќе во сабота во 10 часот во спортската сала „Војвода Ѓорѓи Стојанов“ започнуваат натпреварите од меѓународниот турнир во чест на Тоше кој последните неколку години се одржува во родниот град на пејачот. Дел од турнирот ќе биде делегација од Нова Градишка, градот во чија близина Тоше Проески трагично го загуби животот.

Детали за настанот со клик на линкот.

Share on:
error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)

Krusevo Advisor

Krusevo Advisor