,,Олд Скул” Кафе

Градот Крушево има незавидна бројка на угостителски објекти, меѓу кои: три хотели (од кои два моментално се во функција), поголем број на кафеани и ресторани, неколку пицерии, кафулиња и еден ноќен клуб. Ноќниот живот претежно во летниот период нуди доста различни видови на забави, главно во кафулињата, но во последните неколку години многу популарни за излегување се и рестораните и пицериите кои исто така нудат своја програма.

Old School Krusevo e кафуле во центарот на Крушево кој ја има најубавата и најголема тераса за летна шема на отворено. Не ја пропуштајте можноста при посетата на Крушево да пиете кафе на познатата тераса во “Олд Скул”, но и навечер да отидете на рок свирки кои редовно се одржуваат во овој локал, каде настапуваат голем број на познати рок групи од Крушево и цела Македонија. Кафулето и внатрешно е уредено во препознатлив и уникатен стил. “Олд Скул” е место каде ќе го почувствувате “ритамот” на ноќниот живот во Крушево.

Share on:

Клуб ,,Планет”

Градот Крушево има солидна бројка на угостителски објекти, меѓу кои: три хотели (од кои два моментално се во функција), поголем број на кафани и ресторани, неколку пицерии, кафулиња и еден ноќен клуб. Ноќниот живот претежно во летниот период нуди доста различни видови на забави, главно во кафулињата, но во последните неколку години доста популарни за излегување се и рестораните и пицериите кои исто така нудат своја програма.

Клуб “Планет” моментално е најстариот клуб во градот кој работи од далечната 1999 година. Лоциран е во самиот центар на градот, на почетокот на крушевските скали, познат по долгогодишната традиција на добри забави со познати диџеи од Крушево и од државава, но и по добрите поп-рок свирки. Понудата е збогатена и со денска шема на терасата од клубот, со кафенце и голем избор алкохолни и безалкохолни пијалоци.

Share on:
Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)