Крушево е лоцирано во југозападниот дел од Македонија, 168 километри оддалечено од главниот град Скопје, кој што е исто така и административен и бизнис центар на државата.
Со автомобил
Доколку доаѓате со автомобил, Крушево е лоцирано на 55 километри од Битола и 30 километри од Прилеп. Регионалните патишта го поврзуваат Крушево со овие големи градови во Македонија: Крушево – Прилеп – Скопје, Крушево – Демир Хисар – Битола – Охрид.
Нема автопати кои што поминуваат на територија на Крушево. Најблискиот автопат е рутата М5, која што поминува близу Прилеп.
Воздушно:
Крушево е поврзано со два главни аеродроми во Македонија (Скопје и Охрид). Градот исто така е релативно близу до аеродромот во Солун во Грција. Оддалеченоста до овие аеродроми изгледа вака:
– 142 км. до скопскиот аеродром и
– 130 км. до охридскиот аеродром
– 250 км. до аеродромот во Солун, Грција.
Забелешка: Веб страните на Аеродромот во Македонија http://airports.com.mk/ и аеродромот во Солун http://www.thessalonikiairport.com/ ќе ви дадат точни информации за летови и авио превозници.