Taste Krusevo – Настан во зародиш кој ветува многу

Taste Krushevo или „Вкуси го Крушево“ е насловот на фестивалот кој за прв пат под тоа име се организираше минатата 2019 година во Крушево во периодот од 27.09.2019 до 29.09.2019.

Станува збор за фестивал на храна и култура каде на едно место учесници од повеќе угостителски училишта во Македонија, а и од странство, ги одмеруваат силите во духот на гастрономијата и културата.


Минатата година во центарот на ова случување беa натпреварit во три категории и тоа:
1. Категорија “Најдобар штанд”
2. Категорија “Гастрономија” односно подготовка на Крушевски чомлек
3. Категорија “Презентација на видео” односно презентација на крушевската црква Св.Никола, како едно од најзначајните културни обележја во градот.

Кога е во прашање значењето на “Taste Krushevo”, настанот е важен од неколку аспекти.

Најпрво, придонесува кон продолжување на туристичката сезона и зголемување на туристичката понуда во градот.
Потоа истакнува една нова димензија во туризмот – специјалната крушевска кујна и ги придобива туристите вљубеници во добрата храна.
Трето, ваквиот настан ги следи модерните текови, односно настани кои се однесуваат на дегустација на храна.

Шеф Жан Шапе и водител Михајло

На крај, но не помалку важно, овој настан ја промовира и крушевската култура, крушевската историја и крушевската традиција кои оставаат силен белег пред посетителите на Крушево.

Оваа година организаторот СОУ „Наум Наумовски Борче“, заедно со сите поддржувачи, поискусен од претходните години, подготвува уште едно дружење преку фестивалот на храна и култура Taste Krushevo.

Бидете во тек со подготовките, програмата и активностите на овогодинешната едиција на фестивалот на следниот линк:
https://www.facebook.com/TasteKrushevo/

Грне А’ла Шапе

Еден најпознатите и ресторан со најголема традиција во Крушево – ресторан Шапе – нуди огромен избор на традиционални јадења, но и подготовка на една од најдобрите скари во градот.

На свој уникатен начин и како свој репрезент ресторанот го има грнето А’ла Шапе.

Во продолжение ќе ви го претставиме јадењето и што се содржи во истото.

Состојки:

  • свинско каре
  • пилешки стек
  • телешко месо
  • сецкан колбас А’ла Шапе
  • микс на природни зачини

Состојките се пропржуваат, се ставаат во земјена тава која се покрива со парче пршута и кашкавал, а  потоа се затвара со тесто и се става да се пече во фурна.

Ова е накратко овој превкусен специјалитет. Уште сега знаете дека ќе излижете прсти. Посете го ресторанот Шапе

Толчени пиперки – „Крушевски готвач- книга со рецепти“

Рецепт број 2: Толчени пиперки.

Потребно е: 1 килограм зелени пиперки, еден модар патлиџан, две чешниња лук, 150 грама масло и два домати. Пиперките и модриот патлиџан се печат, се чистат убаво и се сецкаат на ситни парченца. Во дрвена ваганка се толчи лукот, а потоа се додаваат пиперките и модриот патлиџан и убаво се толчат. Се лупат и двата домати и ситно се сецкаат и се продолжува со толчењето. На крајот се додава врелото масло и се посолува. Вака приготвените пиперки се служат со сирење.

Оваа објава е дел од серијалот на рецепти предложени и подготвувани од здружението „Цвет“ од Крушево. Рецептите се дел од книгата „Крушевски готвач- книга со рецепти“.

Супа од ќофтиња – „Крушевски готвач – книга со рецепти“

Оваа објава е дел од серијалот на рецепти предложени и подготвувани од здружението „Цвет“ од Крушево. Рецептите се дел од книгата „Крушевски готвач- книга со рецепти“.

Рецепт број 1: Супа од ќофтиња.

Пригответе: 250 грама мелено месо, направете мали ќофтиња (смесата да биде како за ќофте со зачини), црн пипер, брашно, две лажици масло, морков, магдонос, зачин и еден филџан ориз. Ќофтенцата се пржат на врело масло, малку да се вцрвенат, се пропржува и ренданиот морков, се додава брашното и се додава 1 литар вода. Супата е готова кога ќе се свари оризот. Кога ќе се подизлади се матка едно јајце со малку киселина и се додава и убаво се меша да не се подвари јајцето.

Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)