Taste Krusevo – Настан во зародиш кој ветува многу
Taste Krushevo или „Вкуси го Крушево“ е насловот на фестивалот кој за прв пат под тоа име се организираше минатата 2019 година во Крушево во периодот од 27.09.2019 до 29.09.2019.
Станува збор за фестивал на храна и култура каде на едно место учесници од повеќе угостителски училишта во Македонија, а и од странство, ги одмеруваат силите во духот на гастрономијата и културата.

Минатата година во центарот на ова случување беa натпреварit во три категории и тоа:
1. Категорија “Најдобар штанд”
2. Категорија “Гастрономија” односно подготовка на Крушевски чомлек
3. Категорија “Презентација на видео” односно презентација на крушевската црква Св.Никола, како едно од најзначајните културни обележја во градот.
Кога е во прашање значењето на “Taste Krushevo”, настанот е важен од неколку аспекти.
Најпрво, придонесува кон продолжување на туристичката сезона и зголемување на туристичката понуда во градот.
Потоа истакнува една нова димензија во туризмот – специјалната крушевска кујна и ги придобива туристите вљубеници во добрата храна.
Трето, ваквиот настан ги следи модерните текови, односно настани кои се однесуваат на дегустација на храна.

На крај, но не помалку важно, овој настан ја промовира и крушевската култура, крушевската историја и крушевската традиција кои оставаат силен белег пред посетителите на Крушево.
Оваа година организаторот СОУ „Наум Наумовски Борче“, заедно со сите поддржувачи, поискусен од претходните години, подготвува уште едно дружење преку фестивалот на храна и култура Taste Krushevo.
Бидете во тек со подготовките, програмата и активностите на овогодинешната едиција на фестивалот на следниот линк:
https://www.facebook.com/TasteKrushevo/