Грне А’ла Шапе
Еден најпознатите и ресторан со најголема традиција во Крушево – ресторан Шапе – нуди огромен избор на традиционални јадења, но и подготовка на една од најдобрите скари во градот.
На свој уникатен начин и како свој репрезент ресторанот го има грнето А’ла Шапе.

Во продолжение ќе ви го претставиме јадењето и што се содржи во истото.
Состојки:
- свинско каре
- пилешки стек
- телешко месо
- сецкан колбас А’ла Шапе
- микс на природни зачини
Состојките се пропржуваат, се ставаат во земјена тава која се покрива со парче пршута и кашкавал, а потоа се затвара со тесто и се става да се пече во фурна.
Ова е накратко овој превкусен специјалитет. Уште сега знаете дека ќе излижете прсти. Посете го ресторанот Шапе