Нови места за нови искуства – Дуомо и Малага
Крушево станува се побогато со нови локали и нови места за вкусување на специјалитети и доживување на уникатни амбиенти. Веќе неколку недели работи лонџ барот Дуомо, а во најава е отварање на уште еден со име Малага.
Дуомо е ново место во центарот на Крушево кое има навистина несекојдневни кулинарски специјалитети кога станува збор за нашиот град. Амбиентот е, исто така, нешто ново и тоа е она што ќе биде причина плус да бидете дел од ова ново искуство од нашиот град.

На местото на поранешната градска кафеана за многу скоро ќе започне со работа лонџ барот Малага. Од ова ново место веќе има проектиран изглед, а самата локација претставува едно од најубавите места во Крушево.

Останете со Викенд во Крушево за да ги дознаете сите новости. Во меѓувреме, ве покануваме на викенд во Крушево и вкусување на овие нови искуства.