Предлог дестинација – Крушево и Етно вила
Уште еден викенд е пред нас, а Викенд во Крушево ви предлага да престојувате во Етно вила за да ја почуствувате вистинската атмосфера, да се навратите во славното минато и престојувате во околина која е навистина уникатна.

Етно вила се наоѓа во центарот на Крушево на само 120 секунди пешачење до првата продавница и 150 секунди до првиот ресторан. Покрај тоа што ќе бидете блиску, во големиот двор можете да поминете еден убав викенд со скара, дружба во вечерните часови и воодушевување на пејзажите.

Внатрешниот амбиент е она на што мислевме кога велевме „уникат“. Апартманите се уредени на начин што самото име го илустрира просторот. Етно стил, со уникатни поставки и мебел кој не само што ќе ве одмори, туку и ќе ви даде чувство на крушевско.

Апартманите се големи и соодветни и за семејства или повеќе друштва на млади. Цената, секако, како и сегде во Крушево е пристапна.

Ова е една од ретките вили во Крушево која нуди целосно доживување на она што Крушево го прави уникатно и привлечно. Симболите на староградската култура и начинот на живот се претставени тука подобро од било каде.
Замислете се себе си да престојувате цел викенд овде. Ви завидуваме, да знаете!
Информации и резервации на следниот телефонски број: 078 277 692