Научно фантастичен филм во споменикот Илинден (ФОТО)

Споменикот Илинден е една од локациите каде што се снима научно фантастичниот филм Празникот на хризантемите кој е производ на украинско-македонска соработка.

Се работи за научно фантастичен филм (дистописка драма), за односите помеѓу млада лекарка и нејзиниот пациент стара “жена-цвеќе”, познатa како исцелител која на чуден начин ја преживува нуклеарната експлозија, губејки ја потполно својата меморија и идентитет. Нејзината рехабилитација е всушност тематиката на филмот. – стои во објавата на НУ „Историски музеј Крушево“.

Споменикот Илинден претставува една впечатлива градба со многу значење во себе и тоа се причините заради кои привлекува меѓународно внимание. Овој филм, но и многу други проекти, потврдуваат дека оваа не е само крушевско, туку и македонско богатсво, кое, исто така, не смеете да пропуштите, а да не го посетите.

Режисер на филмот е Симон Мозгави, а продукција носител е Mainstream Pictures LLC од Киев, Украина. Како што наведовме погоре, ова е плод на македонско-украинска соработка со ОПИУМ Филм претставен од страна на Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов.

Share on:
error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)

Krusevo Advisor

Krusevo Advisor