Безбеден и Велигден како што доликува

Оваа година Велигден со мерки, но многу поразлично. Сепак, Крушево исполнето со туристи и почитување на традицијата.

Пред неколку денови се потсетивме на минатогодишниот Велигден, кој беше одбележан на терасите и дворовите од крушевските домаќинства, а велигденските песни се слушаа низ целиот град.

Годинава, сликата е нешто поразлична. Крушево повторно ги пречека туристите кои традиционално доаѓаат за време на празниците. Празникот беше одбележан пред црквите во градот, онака како што доликува и „налага“ традицијата.

Мерките не ги спречија крушевчани безбедно да го одбележат празникот. Традицијата е испочитувана и здравјето е зачувано.

Крушевчани си посакаа вакви Велигдени да не се повторуваат и сите останати да бидат одбележани во мир, хармонија и куќи кои сјаат со својата светлина, а од нив се слушаат насмевки.

Крушево е особено убаво во овој период од годината. Ова се денови кога посетителите се враќаат тука, студентите си доаѓаат дома и семејства се збираат на куп. Ова е време посветено на семејството, традицијата и верата.

Со изминатиот продолжен викенд и официјално се рестартира туристичката сезона во Крушево. Пролетниот и летниот делови од сезоната започнаа со многу посетители кои ги посетија најатрактивните места во градот, како Крушевско Езеро, Мечкин Камен, спомениците и секако угостителските објекти.

Крушево полека го враќа приматот на најбезбедна дестинација.

Share on:
Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)