Сирење Ала Одаја – Крушевска Одаја рестарт

Крушевска Одаја со 100 % рестарт!

Вкусното овчко сирење од крушевските бачила се враќа на трпезата и можете да го пробате на летната тераса во Одаја или да направите нарачка до дома.

Покрај бројните вкусни јадења во Крушевска Одаја сирењето Ала Одаја е едно од омилените на гостите. Доколку го немате пробано пробајте го и вие.

Прочитајте повеќе: Крушевска сабја – специјалитет кој не се пропушта

? OД ДЕНЕС и официјално ја отвораме новата сезона 100% ДОМАШНО ОВЧО СИРЕЊЕ АЛА ОДАЈА! Дојдоа новите количини на највкусното природно сирење директно од крушавските бачила… Кој пробал знае! Кој не… 075 421 946 резервирајте си место веднаш ? – пишува на „Фејсбук страницата на Крушевска Одаја.

Прочитајте повеќе за Крушевска Одаја

Овој ресторан е препознатлив по својот уникатен етно стил и пријатната атмосфера која ја нуди.

Крушевска Одаја ве очекува!

Крушево – атрактивна дестинација за авантуристички туризам во светски рамки

Полетиштето за параглајдинг е едно од централните места на случувања во Крушево. Овој терен ги има можеби најдобрите услови за параглајдинг во Европа и Светот, а точката за полетување е безбедна за параглајдеристите и публиката.

16-то Светско првенство во параглајдерство, Крушево 2019

Ова полетиште има нова вештачка трева, термална камера, а под дрвата во погорниот дел од полетиштето има поставено импровизирани клупи кои учесниците на параглајдинг натпреварите ги користат за т.н. „брифинзи“ и, според нивните изјави, уживаат во тоа.

Прочитај повеќе: Крушево е една од најатрактивните дестинации во светот за авантуристички туризам

Полетиштето е едно од централните места на авантурстичката туристичка понуда на Крушево, како и на Проектот за авантуристички туризам на општина Крушево финансиран од ЕУ.

На надморска висина од 1420 метри, на неколку минути оддалеченост од градот #Крушево се наоѓаат едни од најдобрите европски и светски локации за параглајдинг со безбеден терен и пристапни точки за слетување.
Спроведуваме низа активности за развој на параглајдерството како што се: набавка на мотор на 4 тркала за спасување, возило за транспорт на пилоти, едукација на аматери, итн.
#LRCP #ЕУзаТЕБЕ #ОдржливиИнвестиции #ПотпроектНаНеделата #ОпштинаКрушево
– стои во објавата на официјалната Фејсбук страна на Проектот за локална и регионална конкуренција – имплементатор на проектот за развој на авантуристички туризам на Крушево.

При имплементацијата на проектот пот-проектот на општина Крушево „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“ во неколку наврати беше прогласен на проект на неделата.

Ако и вие сакате да пробате параглајдинг можете да закажете летање со професионален инструктор од параглајдинг клубот Хели ХЦ од Крушево.

Проект на неделата: Европски куп во параглајдинг Крушево 2019

Пролетниот европски параглајдинг куп – Крушево 2019 беше еден од најголемите настани во Крушево минатата година кој ја прошири туристичката сезона.

Се одржа во месец мај со учесници од цела Европа, а го организираше општина Крушево со поддршка на Хели ХЦ клубот и во рамки на проектот Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево.

Овој настан и целиот проект имаше за цел да ја збогати туристичката понуда на Крушево со посебен фокус на авантуристичките и активни туристи.

Пролетен куп Крушево 2019 – ден 4

Во моментот на одржување на Европскиот параглајдинг куп проектот беше прогласен за проект на неделата.

Пролетен Меѓународен Куп Крушево 2019“ – Еднонеделна авантура на небото над Мечкин Камен за сите љубители на параглајдерството. Го зацврстуваме #Крушево на мапата на храбрите заљубеници на височините од целиот свет. Meѓународниот куп е поддржан од #LRCP со средства обезбедени од Европската Унија, Владата на Република Северна Македонија и Општина Крушево.
#ЕУзаТЕБЕ #Tуризам #ПотпроектНаНеделата #ОпштинаКрушево – стои во објавата на официјалната Фејсбукс трана на Проектот за регионална конкурентност во чии рамки се имплементираа купот и целиот проект.

Годинава, параглајдинг натпреварите се очекува за продолжат од август, а до тогаш во Крушево доаѓаат многу рекреативци кои го користат полетиштето на Мечкин Камен за да летаат над градот и Пелагонија.

Пробајте крушевски чомлек

За максимално да го искусите овој крушевски специјалитет добро е да се запознаете со состојките и начинот на подготовка на чомлекот

За приготвување на крушевски чомлек потребни се следниве состојки:

  1. Масло
  2. Вино
  3. Суви сливи
  4. Кромид
  5. Телешко месо
  6. Зачини

Пробајте Грне А’ла Шапе

Како се подготвува?

На самиот почеток при подготовката се реди еден ред кромид и врз тоа еден ред месо, па потоа уште еднаш по еден ред од кромидот и телешкото месо. Се ставаат црни сливи врз двата реда кромид и месо, се става масло, вино и зачини.

Вака подготвеното јадење се става во рерна и се подготвува на тивок оган околу два часа.

Крушевскиот чомлек е едно од најпознатите јадења во хотел Монтана Палас. Ви препорачуваме да не пропуштите да го пробате ова искуство од крушевската кујна.

Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)