Крушево – атрактивна дестинација за авантуристички туризам во светски рамки

Полетиштето за параглајдинг е едно од централните места на случувања во Крушево. Овој терен ги има можеби најдобрите услови за параглајдинг во Европа и Светот, а точката за полетување е безбедна за параглајдеристите и публиката.

16-то Светско првенство во параглајдерство, Крушево 2019

Ова полетиште има нова вештачка трева, термална камера, а под дрвата во погорниот дел од полетиштето има поставено импровизирани клупи кои учесниците на параглајдинг натпреварите ги користат за т.н. „брифинзи“ и, според нивните изјави, уживаат во тоа.

Прочитај повеќе: Крушево е една од најатрактивните дестинации во светот за авантуристички туризам

Полетиштето е едно од централните места на авантурстичката туристичка понуда на Крушево, како и на Проектот за авантуристички туризам на општина Крушево финансиран од ЕУ.

На надморска висина од 1420 метри, на неколку минути оддалеченост од градот #Крушево се наоѓаат едни од најдобрите европски и светски локации за параглајдинг со безбеден терен и пристапни точки за слетување.
Спроведуваме низа активности за развој на параглајдерството како што се: набавка на мотор на 4 тркала за спасување, возило за транспорт на пилоти, едукација на аматери, итн.
#LRCP #ЕУзаТЕБЕ #ОдржливиИнвестиции #ПотпроектНаНеделата #ОпштинаКрушево
– стои во објавата на официјалната Фејсбук страна на Проектот за локална и регионална конкуренција – имплементатор на проектот за развој на авантуристички туризам на Крушево.

При имплементацијата на проектот пот-проектот на општина Крушево „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“ во неколку наврати беше прогласен на проект на неделата.

Ако и вие сакате да пробате параглајдинг можете да закажете летање со професионален инструктор од параглајдинг клубот Хели ХЦ од Крушево.

Share on:
Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)