Пробајте крушевски чомлек
За максимално да го искусите овој крушевски специјалитет добро е да се запознаете со состојките и начинот на подготовка на чомлекот
За приготвување на крушевски чомлек потребни се следниве состојки:
- Масло
- Вино
- Суви сливи
- Кромид
- Телешко месо
- Зачини
Како се подготвува?
На самиот почеток при подготовката се реди еден ред кромид и врз тоа еден ред месо, па потоа уште еднаш по еден ред од кромидот и телешкото месо. Се ставаат црни сливи врз двата реда кромид и месо, се става масло, вино и зачини.
Вака подготвеното јадење се става во рерна и се подготвува на тивок оган околу два часа.
Крушевскиот чомлек е едно од најпознатите јадења во хотел Монтана Палас. Ви препорачуваме да не пропуштите да го пробате ова искуство од крушевската кујна.