Крушевско Езеро веќе е најпопуларното место во градот

Деновиве Крушево е прекрасно за прошетка, а месеците од мај до септември уште еднаш покажуваат дека се едни од најубавите месеци во Крушево. Особено попладневните часови се прекрасни за прошетка околу езерото, или пак трчање по пешачките патеки во раните утрински часови.

До ова место води нов асфалтен пат по кој ќе сретнете многу крушевчани и туристи кои го користат времето максимално. Ќе поминете покрај двојното тениско игралиште исполнето со млади луѓе и звукот на тениското топче. Потоа, тука е и едно повеќенаменско игралиште каде што ќе видите млади и деца како играат фудбал, кошарка и ќе ве израдува детскиот џагор.

Continue reading

4-те крушевски цркви – симбол на борбата за слобода и религијата

Редакцијата на порталот Инфокомпас подготви одлична презентација на црквите во Крушево одликувајќи ги како симболи на Христијанството и борбата за слобода.

Видео презентацијата содржи историски податоци и културни значења на црквите Св. Никола, Св. Троица, Св. Богородица и Св. Јован.

Четирите цркви во Крушево се дел и од туристичката понуда на Крушево. Голем број на туристи, особено странски, во голем број ги посетуваат овие објекти кои импонираат со својата надворешна и внатрешна градба, значењето кое го имаат за Крушево и крушевчани и секако постојаното присуство во историјата.

Видеата се подготвени во рамки на рубриката Збор 2 и проектот е поддржан од Министерство за култура.

Крушево раздвижено со настани како пред корона кризата

Крушево веќе наликува на она од пред корона кризата. Се организираат настани, секојдневно има случувања, градот е раздвижен.

Се чини дека сезоната целосно се рестартира. Настаните се вратија на сцената, хотелите се исполнети, планините го враќаат својот сјај, а полетиштето за параглајдинг го обојува небото.

Викендот што измина се одржа П.С. Гитар фест. Фестивал на гитарата кој го започна Христу Мулар, а денес, неколку години по неговата смрт го продолжува неговиот син. Овој настан од година во година расте и носи се поголеми имиња од Балканот.

Во истиот период полетиштето на Мечкин Камен беше исполнето со параглајдери. Убавото време беше причина плус многу крушевчани кои го сакаат овој спорт заедно со љубители од цела држава да го обојат небото со нивните „летала“. Местото Мечкин Камен беше исполнето и со многу скараџии. Во градот почнаа да доаѓаат и првите странски туристи ова лето.

Настаните продолжија на 7-ми септември. Дуото Драган Спасовски Дац и Александар Митевски настапуваа на Гумење во Крушево. Поводот е 8-ми септември – денот на ослободување на Крушево. На платото на Гумење се собраа луѓе од цела држава и уживаа во овој популарно дуо во изминатиот период.

Полека се враќа оној жив сјај на Крушево. Култура, туризам и спорт се враќаат во полн ек. Се надеваме и нашите животи дека ќе се вратат на стариот тек час поскоро како и настаните во Крушево.

До тогаш, искористете ги последните денови од летото и дојдете во Крушево.

Викенд во Крушево со пикник на најубавите места

On Top Apartments и пицерија Рома имаат уште една неодолива понуда за вас – викенд во Крушево со ноќевање и појадок и пикник на Мечкин камен или Крушевско езеро. Се’ ова ви го организираат On Top и Рома.

Еве ја во детали понудата:

❤❤ЗА СИТЕ ЉУБИТЕЛИ НА ПРИРОДА: ОДИМЕ НА ПИКНИК СО
ON TOP & ROMA❤❤
??????????

Почитувани гости…
On TOP Apartments Krusevo повторно Ви претставуваат оригинална, уникатна понуда, секако во соработка со нашите омилени професионалци- соработници Пицерија Рома – Крушево .

Овој пат Ви нудиме незаборавен викенд во Крушево- ноќевање со појадок за две лица, и организирање на пикник во природа, на една од двете најубави локации за пикник во Крушево: Крушевско езеро или Мечкин Камен, каде ќе уживате во прекрасни глетки и преубава природа. Ние Ви организираме удобно катче за уживање, а за задоволството да биде уште послатко и поголемо, таму ќе Ве чека одлична закуска – даска со оригинални вкусови на сирења, овошје, клуб сендвичи и едно шише вино. Се што Ви треба за еден совршен пикник во природа.

Вие треба само да го најдете совршеното друштво и да уживате ❤?❤
Ова е вистинско место и вистинска понуда за Вашите специјални моменти да станат незаборавни ❤❤❤.

Контактирајте не’ и ние ќе ве поврземе со On Top и Рома за да ја искористите оваа несекојдневна понуда:

☎ 075/252-133
☎ 075/379-348

Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)