Викенд во Крушево со пикник на најубавите места
On Top Apartments и пицерија Рома имаат уште една неодолива понуда за вас – викенд во Крушево со ноќевање и појадок и пикник на Мечкин камен или Крушевско езеро. Се’ ова ви го организираат On Top и Рома.
Еве ја во детали понудата:
❤❤ЗА СИТЕ ЉУБИТЕЛИ НА ПРИРОДА: ОДИМЕ НА ПИКНИК СО
ON TOP & ROMA❤❤
??????????
Почитувани гости…
On TOP Apartments Krusevo повторно Ви претставуваат оригинална, уникатна понуда, секако во соработка со нашите омилени професионалци- соработници Пицерија Рома – Крушево .
Овој пат Ви нудиме незаборавен викенд во Крушево- ноќевање со појадок за две лица, и организирање на пикник во природа, на една од двете најубави локации за пикник во Крушево: Крушевско езеро или Мечкин Камен, каде ќе уживате во прекрасни глетки и преубава природа. Ние Ви организираме удобно катче за уживање, а за задоволството да биде уште послатко и поголемо, таму ќе Ве чека одлична закуска – даска со оригинални вкусови на сирења, овошје, клуб сендвичи и едно шише вино. Се што Ви треба за еден совршен пикник во природа.
Вие треба само да го најдете совршеното друштво и да уживате ❤?❤
Ова е вистинско место и вистинска понуда за Вашите специјални моменти да станат незаборавни ❤❤❤.
Контактирајте не’ и ние ќе ве поврземе со On Top и Рома за да ја искористите оваа несекојдневна понуда:
☎ 075/252-133
☎ 075/379-348