Крушево раздвижено со настани како пред корона кризата
Крушево веќе наликува на она од пред корона кризата. Се организираат настани, секојдневно има случувања, градот е раздвижен.
Се чини дека сезоната целосно се рестартира. Настаните се вратија на сцената, хотелите се исполнети, планините го враќаат својот сјај, а полетиштето за параглајдинг го обојува небото.
Викендот што измина се одржа П.С. Гитар фест. Фестивал на гитарата кој го започна Христу Мулар, а денес, неколку години по неговата смрт го продолжува неговиот син. Овој настан од година во година расте и носи се поголеми имиња од Балканот.
Во истиот период полетиштето на Мечкин Камен беше исполнето со параглајдери. Убавото време беше причина плус многу крушевчани кои го сакаат овој спорт заедно со љубители од цела држава да го обојат небото со нивните „летала“. Местото Мечкин Камен беше исполнето и со многу скараџии. Во градот почнаа да доаѓаат и првите странски туристи ова лето.
Настаните продолжија на 7-ми септември. Дуото Драган Спасовски Дац и Александар Митевски настапуваа на Гумење во Крушево. Поводот е 8-ми септември – денот на ослободување на Крушево. На платото на Гумење се собраа луѓе од цела држава и уживаа во овој популарно дуо во изминатиот период.

Полека се враќа оној жив сјај на Крушево. Култура, туризам и спорт се враќаат во полн ек. Се надеваме и нашите животи дека ќе се вратат на стариот тек час поскоро како и настаните во Крушево.
До тогаш, искористете ги последните денови од летото и дојдете во Крушево.