Дали сте за прошетка во октомври? Место: Крушевско Езеро
Никогаш нема да ви станеме досадни со нашите фотографии и текстови за Крушевско Езеро и околината. Тоа место не’ обзема и во овие есенски денови, час врнежливи, час студени, ама секогаш прекрасно за пешачење.
Пред некој ден направивме одлични фотографии иако времето беше малку тмурно и облачно, а кога времето е такво тогаш боите не се толку живи. Сепак, нашите аматерски фотографии се прекрасни заради убавината на местото, заради неговата живост, заради раздвиженоста која е постојана.
Ајде, погледнете и кажете ни’ што мислите.
Околината не е помалку убава. Затоа викаме дека овој комплекс како целина е навистина здиво одземувачки :D.
И, сега? Дали и вие сте за прошетка на Крушевско Езеро во октомври?
По 14-ти пат се одржа ултрамаратонот во чест на Тоше Проески, а спомен куќата „Тодор Проески“ на 16 октомври започна со хуманитарна акција која ќе трае се до 25 јануари.
Покрај пеењето она што Тоше најдобро го правеше беа добрите дела и поттикнувањето насмевки. За да се продолжи неговото добро дело спомен куќата започна со хуманитарна акција која започна од денот на неговата смрт и ќе трае се до роденденот на Тоше.
На влезот на спомен куќата Тодор Проески поставена е кутија за донација на парични средства. Ќе се собираат до 25-ти јануари 2022-ра година, а истите ќе се донираат во хуманитарни цели. Целта е ваквата активност да биде традиција и да се помогне секаде каде што е потребно.
На 16-ти октомври беа пречекани маратонците со рози кои беа оставани покрај патот при поминување на учесниците во ултрамаратонот. Исто така, во спомен куќата се одржа работилница и изложба насловена како Од зрно песок до мозаик.
И на дожд, и на сонце, и во кал, и низ прашина – Крушево низ корија 2021
И покрај одложувањата. И покрај забраната за движење во шуми во месец август. И покрај дождовите. И покрај одлагањата… Крушево низ корија се одржа. И, на нас, ни е многу драго и се израдувавме.
Со над 150 учесници Крушево низ корија се одржа на 18 и 19 септември. Возењето велосипед беше пропратено со дожд кој многу ги отежна условите особено по земјените патеки. Тие што возат велосипед и учествуваат на вакви настани знаат со што се соочиле учесниците оваа година.
И покрај тешките временски услови ова издание на настанот беше навистина посебно. Зошто? Затоа што толку ентузијазам за авантура, возење точак и истражување на Крушево немало на едно место. За тоа можеби најзаслужни се дечките – организатори но не помалку заслужни се сите учесници и поддржувачи.
Организаторите и учесниците не се откажаа од оваа година. Зошто го велиме ова? Заради следново:
Во неделата за малку се ќе личеше на една класична дешавка доколку 10 минути по стартот на планинарската и велосипедските тури не се отвореше небото и не истури вода за сите пари (за градот шо падна да не прајме муабет) .
Се надеваме дека турата ќе ја памтите цел живот
Како што си е редот, гости пристигнаа од секаде : Битола, Скопје, Охрид , Струга, Радовиш, Гевгелија,Крушево,Неготино, Прилеп, Струмица, Кичево, Македонски брод….дури и од с.Горно Барбарево…Росоманско ако не се лажам.
Тимот на Викенд во Крушево доби и тапија за поддршка на настанот, а на нас не само што за тоа ни е ќеиф, туку и се радуваме што барем малку помогнавме да се промовира настанот.
Догодина, нека врне, нека вее – коријата е наш пријател и ќе ја извозиме на точак. Крушево низ корија – checked ✅
Времето изминатиот викенд беше променливо како никогаш досега, но ако навистина сакате да го восприемете ќе го искористите времето, паметно и максимално.
Денот го започнуваме со првото утринско кафе. Изминатиот викенд ја избравме локацијата хотел Панорам & спа. Вкусно кафе и прекрасен поглед додека чекате дождот да престане. Се надевате упорно на подобрување на временските услови додека гледате во градот кој е постелен под хотелот.
Само што сте тргнале да станете забележувајќи дека дождот спласнал, бранот се засилува повторно и продолжува да врне. Дождот ве обесхрабрува и повторно седите и надежно очекувате подобрување на времето.
Кога времето е добро за шетање Крушевско Езерое неизбежен дел. Облаците не се обесхрабрувачки. Токму напротив, тие се поле за нови пејзажи.
Првичната желба беше патување со жичарницата, повторно, но несигурните временски услови не‘ повлекоа кон Гумење и Крушевско Езеро.
Направивме неколку одлични фотографии и полека, но сигурно времето се подобри и повторно бевме сведоци на сончевото време и уште поубави погледи.