Крушево – неисцрпна инспирација
Времето изминатиот викенд беше променливо како никогаш досега, но ако навистина сакате да го восприемете ќе го искористите времето, паметно и максимално.
Денот го започнуваме со првото утринско кафе. Изминатиот викенд ја избравме локацијата хотел Панорам & спа. Вкусно кафе и прекрасен поглед додека чекате дождот да престане. Се надевате упорно на подобрување на временските услови додека гледате во градот кој е постелен под хотелот.
Само што сте тргнале да станете забележувајќи дека дождот спласнал, бранот се засилува повторно и продолжува да врне. Дождот ве обесхрабрува и повторно седите и надежно очекувате подобрување на времето.

Кога времето е добро за шетање Крушевско Езеро е неизбежен дел. Облаците не се обесхрабрувачки. Токму напротив, тие се поле за нови пејзажи.
Првичната желба беше патување со жичарницата, повторно, но несигурните временски услови не‘ повлекоа кон Гумење и Крушевско Езеро.

Направивме неколку одлични фотографии и полека, но сигурно времето се подобри и повторно бевме сведоци на сончевото време и уште поубави погледи.
Крушево е неисцрпна инспирација ?
Пишува: Сотир Габелоски