И на дожд, и на сонце, и во кал, и низ прашина – Крушево низ корија 2021
И покрај одложувањата. И покрај забраната за движење во шуми во месец август. И покрај дождовите. И покрај одлагањата… Крушево низ корија се одржа. И, на нас, ни е многу драго и се израдувавме.
Со над 150 учесници Крушево низ корија се одржа на 18 и 19 септември. Возењето велосипед беше пропратено со дожд кој многу ги отежна условите особено по земјените патеки. Тие што возат велосипед и учествуваат на вакви настани знаат со што се соочиле учесниците оваа година.

И покрај тешките временски услови ова издание на настанот беше навистина посебно. Зошто? Затоа што толку ентузијазам за авантура, возење точак и истражување на Крушево немало на едно место. За тоа можеби најзаслужни се дечките – организатори но не помалку заслужни се сите учесници и поддржувачи.
Организаторите и учесниците не се откажаа од оваа година. Зошто го велиме ова? Заради следново:
Во неделата за малку се ќе личеше на една класична дешавка доколку 10 минути по стартот на планинарската и велосипедските тури не се отвореше небото и не истури вода за сите пари (за градот шо падна да не прајме муабет) .


Се надеваме дека турата ќе ја памтите цел живот

Како што си е редот, гости пристигнаа од секаде : Битола, Скопје, Охрид , Струга, Радовиш, Гевгелија,Крушево,Неготино, Прилеп, Струмица, Кичево, Македонски брод….дури и од с.Горно Барбарево…Росоманско ако не се лажам.


Тимот на Викенд во Крушево доби и тапија за поддршка на настанот, а на нас не само што за тоа ни е ќеиф, туку и се радуваме што барем малку помогнавме да се промовира настанот.
Догодина, нека врне, нека вее – коријата е наш пријател и ќе ја извозиме на точак. Крушево низ корија – checked ✅
