Мојата визија за Крушево

Крушево ги има едни од најдобрите природни услови во светот за параглајдинг. Тоа е потврдено од учесниците на 16-тото Светско првенство за параглајдерство кое се одржа во 2019-та година во Крушево. Крушево, сакам да го видам како совршена светска дестинација за параглајдинг и змајарство, со соодветно уредено полетувалиште, инфраструктура и придружни содржини за учесниците и, генерално, авантуристичките туристи.

ФОТО ОД ПАРАГЛАЈДИНГ

Ружата на ветрови околу полетувалиштето на Мечкин Камен и Пелагонија, потоа пристапниот терен до самото полетувалиште, самата природна поставеност на теренот која е безбедна – без карпи, камења и слично, и, на крајот, чистиот воздух се дел од доминантните природни услови кои го прават нашето полетувалиште атрактивно.

Кога сме кај оние услови кои треба да сеовозможат од човечка рака тогаш Крушево се’ уште не го достигнало максимумот, но патот по кој се движи градот е во таа насока.

На полетувалиштето општина Крушево веќе има поставено вештачка трева и со тоа се означува површината на полетиштето, а самата трева помага тоа да е безбедно за падобраните кои можат да се оштетат од гранки и слично. Но, општината планира двојно да го зголеми просторот и со тоа да овозможи организирање на поголеми првенства и да се зголеми безбедноста. Во тек е набавка на нова вештачка трева од страна на локалната самоуправа.

Дополнително, општината веќе обезбеди и 4 милиони денари за изградба на објект на самото полетувалиште кое ќе ги задоволи потребите на професионалните параглајдеристи.

ФОТО ОД ТРЕВА

Кога ќе земеме во предвид дека Крушево има одлични патеки за планински велосипедизам и планинарење, вештачка карпа за искачување, спортски терени, многу историја, вкусна храна тогаш Крушево не само што е дестинација за параглајдеристи и змајари од целиот свет, туку и за авантуристички туристи.

Крушево – твојата дестинација за незаборавна авантура.

Share on:

Како на слика нацртано – Крушево

Уникатната поставеност на куќите во Крушево создаваат една несекојдневна глетка. Од речиси секоја страна на градот може да се направат прекрасни фотографии и со часови можеме да се восхитуваме на самиот град и коријата околу.

Сепак, западната страна од градот го нуди најдобриот поглед. Токму од оваа страна ние од Викенд во Крушево ги правиме најубавите портрети од Крушево. Погледнете и восхитувајте се.

Кога зборуваме за вечерните или ноќни пејсажи погледот кон хотел Монтана Палас нуди најповолна перспектива за „зграпчување“ на ноќни пејсажи.

Сепак следната фотографија направена од When in Krusevo покажува дека поставеноста на Крушево нуди разновидни пејсажи. Во продолжение погледнете две фотографии, при денска светлина и во вечерни услови, и ќе се уверите дека Крушево е како измислено за фотографија.

Share on:

Taste Krusevo – Настан во зародиш кој ветува многу

Taste Krushevo или „Вкуси го Крушево“ е насловот на фестивалот кој за прв пат под тоа име се организираше минатата 2019 година во Крушево во периодот од 27.09.2019 до 29.09.2019.

Станува збор за фестивал на храна и култура каде на едно место учесници од повеќе угостителски училишта во Македонија, а и од странство, ги одмеруваат силите во духот на гастрономијата и културата.


Минатата година во центарот на ова случување беa натпреварit во три категории и тоа:
1. Категорија “Најдобар штанд”
2. Категорија “Гастрономија” односно подготовка на Крушевски чомлек
3. Категорија “Презентација на видео” односно презентација на крушевската црква Св.Никола, како едно од најзначајните културни обележја во градот.

Кога е во прашање значењето на “Taste Krushevo”, настанот е важен од неколку аспекти.

Најпрво, придонесува кон продолжување на туристичката сезона и зголемување на туристичката понуда во градот.
Потоа истакнува една нова димензија во туризмот – специјалната крушевска кујна и ги придобива туристите вљубеници во добрата храна.
Трето, ваквиот настан ги следи модерните текови, односно настани кои се однесуваат на дегустација на храна.

Шеф Жан Шапе и водител Михајло

На крај, но не помалку важно, овој настан ја промовира и крушевската култура, крушевската историја и крушевската традиција кои оставаат силен белег пред посетителите на Крушево.

Оваа година организаторот СОУ „Наум Наумовски Борче“, заедно со сите поддржувачи, поискусен од претходните години, подготвува уште едно дружење преку фестивалот на храна и култура Taste Krushevo.

Бидете во тек со подготовките, програмата и активностите на овогодинешната едиција на фестивалот на следниот линк:
https://www.facebook.com/TasteKrushevo/

Share on:

Еднодневна тура на ТВ 21 за Крушево

Телевизиската куќа ТВ 21 направи еднодневна тура на Крушево во која ја претстави зимската идила на градот, богатството што со себе го носи и ги слушна проблемите на граѓаните заедно со ставот на носителите на одлуки.

Емисијата се вика Урбан таг, а прилогот за Крушево е наречен Репортажа за Крушево: Град музеј и зимската идила.

Емисијата погледнете ја на следниот линк:

https://krusevo.mk/mk/blog/video-prilog-na-tv-21-za-krusevo

Share on:
error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)

Krusevo Advisor

Krusevo Advisor