Мојата визија за Крушево
Крушево ги има едни од најдобрите природни услови во светот за параглајдинг. Тоа е потврдено од учесниците на 16-тото Светско првенство за параглајдерство кое се одржа во 2019-та година во Крушево. Крушево, сакам да го видам како совршена светска дестинација за параглајдинг и змајарство, со соодветно уредено полетувалиште, инфраструктура и придружни содржини за учесниците и, генерално, авантуристичките туристи.
ФОТО ОД ПАРАГЛАЈДИНГ
Ружата на ветрови околу полетувалиштето на Мечкин Камен и Пелагонија, потоа пристапниот терен до самото полетувалиште, самата природна поставеност на теренот која е безбедна – без карпи, камења и слично, и, на крајот, чистиот воздух се дел од доминантните природни услови кои го прават нашето полетувалиште атрактивно.
Кога сме кај оние услови кои треба да сеовозможат од човечка рака тогаш Крушево се’ уште не го достигнало максимумот, но патот по кој се движи градот е во таа насока.

На полетувалиштето општина Крушево веќе има поставено вештачка трева и со тоа се означува површината на полетиштето, а самата трева помага тоа да е безбедно за падобраните кои можат да се оштетат од гранки и слично. Но, општината планира двојно да го зголеми просторот и со тоа да овозможи организирање на поголеми првенства и да се зголеми безбедноста. Во тек е набавка на нова вештачка трева од страна на локалната самоуправа.
Дополнително, општината веќе обезбеди и 4 милиони денари за изградба на објект на самото полетувалиште кое ќе ги задоволи потребите на професионалните параглајдеристи.
ФОТО ОД ТРЕВА
Кога ќе земеме во предвид дека Крушево има одлични патеки за планински велосипедизам и планинарење, вештачка карпа за искачување, спортски терени, многу историја, вкусна храна тогаш Крушево не само што е дестинација за параглајдеристи и змајари од целиот свет, туку и за авантуристички туристи.
Крушево – твојата дестинација за незаборавна авантура.