Празнувањето на Дева започна, целта е хуманитарна

Започнува чествувањето на празникот Дева кој има хуманитарна цел со дарување на првото бебе родено по 5-ти јануари 2021 кога и практично се одбележува празникот.

Овој настан е дел од проектот „Одржлив развој на туризмот“, а одбележувањето годинава започна на 30-ти декември со поставување на колиба и каса за собирање пари за првороденото бебе.

Оваа година настанот е во значително помала форма заради коронавирусот и затоа секој кој сака да донира тоа може да го направи во градскиот парк во поставената каса. Целта, според организаторите, е настанот да биде забележан од туристите, а традицијата да биде испочитувана.

Ова е осмо по ред издание, а здруженијата на граѓаните од градот можат да го поддржат настанот со тоа што ќе изложат крушевски изработки во градскиот парк.

Share on:

Крушево волшебно пред Нова година

Крушево се подготвува за Нова година. И покрај коронавирусот оваа година може да биде најубава од сите досега.

Оваа година крушевчани многу порано започнаа со новогодишните украсувања. Тоа е можеби така затоа што сите ние сме се повеќе во домашна атмосфера и почитуваме мерки, но Крушево го живее Новогодишниот моментувм уште од почетокот на овој месец.

Социјалните мрежи изобилуваат со фотографии од елки во домовите, а ако прошетате низ улиците на Крушево дење ќе ги забележите традиционалните украси во дворовите, а навечер светкави пејзажи кои од ден во ден се зголемуваат.

Оваа година ќе ја славиме посебно за истата побрзо да ја испратиме. Ни’ донесе многу тешкотии и се заканува да го наруши угледот и на Новата 2021-ва. Но, 2020-та не” научи на убавината на домашните дестинации, а Крушево е една од најубавите. Догодина ќе можеме да одиме во странство, но желбата за посета на Крушево и другите дестинации сигурно ќе остане.

Така што, во Крушево ве очекува пријатна атмосфера оваа Нова година. Таа ќе биде необична, но не мора да биде помалку убава, баш напротив. Крушево од ден во ден блеска се повеќе.

Она новогодишно чувство полека не’ обзема. За мене тоа е прекрасно чувство кога градот свети, во дневната соба елката дава отсјај на шаренолики лампиони, а на прозорците блескааt црвената, сината, жолтата и други бои.

Чувството тешко се опишува, но може да се доживее. Крушево е такво – пријателски настроено и овозможува да гo восприемиш целосно. Крушево блеска и целосно се доживува. Крушево за Нова година е едно поинакво доживување.

Share on:

Ди џејот кој настапуваше во Крушево достигнува светска препознатливост

Одлучивме да напишеме текст за еден од омилените ди џеи на Крушево – Галоски. Зошто? Затоа што во изминатите неколку седмици забележува огромни успеси и навистина сме горди што овој ди џеј од светски калибар настапувал во неколку наврати во Крушево.

За прват Галоски настапи на второто издание на Бела ноќ. Неколку години потоа и на фестивалот When in Krusevo, во периодот кога овој фестивал се градеше како еден од најпопуларните настани во нашиот град. Последниот настап на овој ди џеј беше во 2019-та година како дел од Десет дена Крушевска Република.

Како автор Галоски е поддржан од голем број на светски имиња од музичката индустрија. Меѓу нив се Тиесто, Афроџак, Fedde Le Grand и други. Во моментот, тетовскиот ди џеј има две негови песни на најдобрата и водечка ди џеј листа во светот – 1001 Tracklist,

Неговиот последен хит е во етерет само неколку дена, а веќе крева многу прашина на светската сцена. Got Me Feeling од еминентниот Билборд е оценета со највисок рејтинг, а промотивно песната беше емитувана на едно од најслушаните радиа во Холандија.

Претходно, песната Wasting My Time исто така го достигна врвот на најеминентната листа во светот.

Галоски прераснува во светки познат ди џеј и вистински репрезент на Македонија и на музичката сцена во нашата држава. Секако, овој музички автор заслужува многу поголемо внимание, затоа што неговата кариера молскавично се развива.

Се радуваме што Галоски настапувал во Крушево и бил пример за локалните ди џеи во развојот на нивната кариера.

Кога зборуваме за Галоски него го сметаме и за наш пријател. Пишувавме и за тоа – Галоски – синоним за скромност и нескротлива амбиција

Овој напис носи уште една порака – да си го цениме нашето македонското. Во кризата со Ковид-19 домашните туристички дестинации го добија своето заслужено внимание, но тоа треба да важи за музиката, спортот, културата генерално и се друго.

Share on:

Првите компјутери пристигнаа, два ученици сега следат онлајн настава

Викенд во Крушево – Вашиот онлајн туристички започна со акција Донирај компјутер преку која ќе се потрудиме да обезбедиме компјутери за деца од Крушево кои не можат да следат „онлајн“ настава.

Првиот компјутер веќе пристигна, а пред неколку дена беше доделен и вториот компјутер.

Оваа акција ја спроведуваме заедно со организторите на фестивалот Крушево низ корија и ги повикуваме сите кои имаат функционални компјутери да ги донираат за да се овозможи на сите деца да следат настава во период на пандемија.

„Нашата работа е да го промовираме Крушево и да ги информираме сите туристи за се што е поврзано со туризмот во нашиот град. Но, решивме да бидеме и општествено одговорни и да помогнеме на најмладите. Оттука, заедно со Крушево низ корија“ ја започнуваме акцијата Донирај компјутер.

Сите кои можат да донираат нека го направат тоа, а тимот на Викенд во Крушево ќе се погрижи компјутерот да заврши на вистинското место.“ велат од тимот на Викенд во Крушево.

Тимот се заблагодарува на поддршката и соработката со ОО Црвен крст Крушево, ООУ „Никола Карев“, СОУ „Наум Наумовски Борче“ и општина Крушево.

Share on:
Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)