Крушево волшебно пред Нова година

Крушево се подготвува за Нова година. И покрај коронавирусот оваа година може да биде најубава од сите досега.

Оваа година крушевчани многу порано започнаа со новогодишните украсувања. Тоа е можеби така затоа што сите ние сме се повеќе во домашна атмосфера и почитуваме мерки, но Крушево го живее Новогодишниот моментувм уште од почетокот на овој месец.

Социјалните мрежи изобилуваат со фотографии од елки во домовите, а ако прошетате низ улиците на Крушево дење ќе ги забележите традиционалните украси во дворовите, а навечер светкави пејзажи кои од ден во ден се зголемуваат.

Оваа година ќе ја славиме посебно за истата побрзо да ја испратиме. Ни’ донесе многу тешкотии и се заканува да го наруши угледот и на Новата 2021-ва. Но, 2020-та не” научи на убавината на домашните дестинации, а Крушево е една од најубавите. Догодина ќе можеме да одиме во странство, но желбата за посета на Крушево и другите дестинации сигурно ќе остане.

Така што, во Крушево ве очекува пријатна атмосфера оваа Нова година. Таа ќе биде необична, но не мора да биде помалку убава, баш напротив. Крушево од ден во ден блеска се повеќе.

Она новогодишно чувство полека не’ обзема. За мене тоа е прекрасно чувство кога градот свети, во дневната соба елката дава отсјај на шаренолики лампиони, а на прозорците блескааt црвената, сината, жолтата и други бои.

Чувството тешко се опишува, но може да се доживее. Крушево е такво – пријателски настроено и овозможува да гo восприемиш целосно. Крушево блеска и целосно се доживува. Крушево за Нова година е едно поинакво доживување.

Share on:
Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)