Настанокот на Крушево и неговиот прв жител

Постојат повеќе легенди за настанокот. Една е дека некој бегалец кој напросто се довлеков до овде со последните сили и кога престанал да ја слуша потерата, прилегнал под првото дрво. Кога ги отворил очите, сонцето веќе одамна изгреало, а тој го здогледал рајот на земјата. Секаде окол него круши, со гранки провиснати од плодовите. Тоа било крај на неговот бегство, а местото го именувал Крушево.

Овчарската легенда вели дека овчарите од разурнатото село Стар Дол, Трстеник, Селце и Бирино немајќи каде да одат прикрепиле колиба кај голема дива круша.

Од она што може да се прочита од Слепчанскиот кодик што калуѓерите го воделе од 1544 год., па натаму, се споменува името Крушево кое се однесува на сегашната населба. Ако се ѕирне во поновите списи, ќе се најде истото и во Трескавичкиот кодик (од 18ти век). Историски е утврдено дека во 1868 год., Крушево имало тринаесет цркви и 1400 куќи.

За Крушево

На изгрејсонце Крушево здогледано од подножјето на Баба Планина, блескоти како бисерче тукушто извадено од вода. Од најстарите времиња Прилеп му бил единствената врска со светот. А од подножјето има уште пет до шест километри. Со секој од нив надморската височина се зголемува за стотина метри, за да стигне до 1250. Град меѓу повисоките во светот, највисок на Балканот.

Сегашниот асфалтиран и широк пат е покус за километар-два од дамнешниот турски, најпрвин макадам, а потоа во коцки, но тесен за да не можат да се разминат две возила, ако оној што доаѓал одозгора не подзастанел на некоја ширинка.

Овде онде и денес се гледаат трагите од кривулестите серпентини. За нив пак останала легендата дека настанале за тоа што градителот бил пазарен за секој километар да добие товар злато. Алчен по златото тој го направил ем тесен ем кривулест.

Градот е поставен во пазувите на Баба Планина, токму како некакво бабино милениче, затскриено од ветриштата, од лошите погледи и натрапници. Под градот- полегнати облаци ,,Пелагониско море” .

Галерија ,,Никола Мартиноски”

Крушево е еден од ретките градови со доста богата историја. За тоа сведочат доста градби кои постојат и денес. Има вкупно шест музеи и секој од нив си има своја приказна за одредени ликови и настани кои се случиле во минатото, а се значајни во создавањето на Крушево како град, па дури и на македонската држава.

На самиот влез во градот, ако погледнете нагоре од десната страна, ќе забележите една прекрасна градба – една од најубавите крушевски куќи. Во оваа куќа е изложено добар дел од творештвото на еден од позначајните македонски сликари на 20 век – Никола Мартиновски кој по потекло е од Крушево, а и живеел во Крушево доста години. Галеријата е отворена во 1968 година. Таму ќе ги погледнете некои од најзначајните дела кои го создал големиот сликар, како на пример делото “Мајка со дете” и многу други, а ќе видите и традиционални крушевски одаи, оригинално зачувани со сите карактеристики и обелеќја на тоа време!

,,Македониум

Крушево е еден од ретките градови со доста богата историја. За тоа сведочат доста градби кои постојат и денес. Има вкупно шест музеи и секој од нив си има своја приказна за одредени ликови и настани кои се случиле во минатото, а се значајни во создавањето на Крушево како град, па дури и на македонската држава.

Кога ќе се спомне градот Крушево, една од првите работи кои ни “паѓаат на памет” дефинитивно е споменикот “Македониум”. Неговата изградба започнала во 1972 година, а започнал со работа во 1974 година. Идејното решение за овој музеј, кој претставува цел комплекс кој се протега на поголема површина, го изработиле познатите Јордан и Искра Грабуловски. Се наоѓа на одлична локација од каде што има прекрасен поглед кон градот и претставува еден врвен дострел на уметноста кој носи голема порака – непокор и вечен стремеж на македонскиот народ за слобода.

Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)