Пример за готварство – СОУ „Наум Наумовски Борче“ домаќин на најголемите имиња во областа

Крушевското средно училиште, особено угостителско-туристичкиот дел, стануваат дел од и домаќини на се поголеми настани во областа на готварството.

На 5-ти октомври во СОУ „Наум Наумовски Борче“ се одржаа мастер класови од познати имиња од областа – Стево Карапанџа, Драгица Лукин, Изток Легат, Томаж Возељ, Вук Митровиќ, Жељко Невен Бренец и Ѓорѓе Костиќ.

Овие големи имиња од готварството од екс-Ју просторите се запознаа со учениците од „Наум Наумовски Борче“ и во времетраење од 3 часа ги претставија своите мали готварски тајни.

Овој настан е уште една потврда за професионализмот и успесите на средното училиште која се демонстрира и на многу државни и меѓународни натпревари. Дополнително, мајсторите во готварството споделија пофални зборови за подготвеноста, дисциплината и организацијата на настанот.

Настанот беше инициран од Националната асоцијација на готвачи „ГАСТРОМАК“, Андријана Алачки.

4 години Викенд во Крушево – кои се нашите планови?

Еве не’!!! 4 години заедно со вас, драги наши следбеници, поддржувачи на нашата работа и обожаватели 😜

Точно на денешниот ден славиме 4 години откако ја креиравме фејсбук страницата која денес е извор на прекрасни фотографии, корисни информации и заеднички восхит на Крушево. Крушево е она што не спојуваше изминатите 4 години со сите вас, а во наредните години веруваме дека ќе продолжиме да се дружиме.

Над 5 000 следбеници на социјалните мрежи и продолжуваме да растеме. Во 4 години вложивме труд, време и многу желба и сигурни сме дека го заслуживме вашето внимание и вашата поддршка. Останете со нас, да го одбележиме 5-от, 6-от, 7-от… 44-от роденден 😁

Во само 4 години успеавме да:

  • Да надминеме бројка од над 6 000 следбеници на Facebook и Instagram комбинирано
  • Да имлементираме еден проект за да овозможиме подобра промоција на Крушево
  • Да создадеме врска со угостителите како што никој досега не создал и да служиме како линк меѓу нив и Вас
  • Имлементиравме 5 иницијативи
  • Доделивме 2 награди
  • Создадовме неколку производи со нашиот бренд (пр. маски)

Во годините позади нас покажавме и општествена одговорност.

  • Предводевме кампањи за поддршка на сместувачките капацитети
  • Ги поддржувавме локалните ресторани, кафулиња и пицерии
  • Имплементиравме иницијатива за подигнување на свеста за заштита од коронавирусот

Го креиравме и нашиот веб сајт преку кој овозможуваме дополнителна услуга за вас, драги наши.

Сакаме да продолжиме со уште поуспешна работа во периодот што следи. Затоа, по повод нашиот роденден сакаме да ве поканиме да ни испраќате ваши фотографии и текстови со цел да го одбележиме заеднички. Исто така, ги очекуваме и вашите предлози како да се подобри.

4 години ВИкенд во Крушево – Вашиот онлајн туристички водич

Зошто е толку убаво во јануари?

Јануари е посебен месец, а зошто е тоа така прочитајте во редовите подолу.

Нова година е секогаш посебно убава во Крушево заради големиот број посетители, убавото време и снегот. Оваа година беше така, со исклучок на снегот.

Времето на 31-ви декември, на 1-ви и 2-ри јануари беше вистинска пролет. Можеби немавме снег, но имавме сончево време кое го искористивме за прошетка до Крушевско Езеро и забава со жива музика под отворено небо на Станич.

Потоа доаѓа празникот Дева кој е предвесник на Бадник и Божиќ. Уникатноста во Дева е што се работи за празник кој во христијански контекст го најавува Христовото раѓање. А, во Крушево најмладите со импровизирана ѕвезда во рацете ги посетуваат домовите и шират радосни песни. Овој празник привлекува се поголем интерес кај туристите. На овој начин 5-ти јануари се одбележува само во Витлеем, Израел.

На крајот на месецот се одбележува денот на раѓање на Тоше Проески. 25-ти јануари е денот кога луѓе од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Бугарија… се собираат во Крушево за да покажат дека Тоше има само датум на раѓање.

Но, еве деновиве снегот повторно се врати кај нас. Имаме 30 центиметри снег и времето се отвора. Типичниот јануари е повторно во Крушево. Погледнете фото подолу.

Тоа е нашето Крушево. Нашиот град е поубав од викенд во викенд. Станува едно од најпопуларните места, а за тоа не е виновен само снегот, туку и сите гости од државата и надвор од неа. Крушево е наше и ваше. Крушево во јануари е дестинација само за вас.

Тоа е нашето Крушево. Крушево е најубаво во јануари. Крушево е секогаш најубаво.

Хуманитарен културен викенд во Крушево

Овој викенд ќе се одржат неколку настан кои ќе го одбележат Денот на волонтерството 5-ти декември.

Настанот е насловен како Хуманитарен културен викенд и е во организација на ОО Црвен Крст Крушево.

Еве што ќе има на програмата:

  • Театарска претстава „Само за твоите уши“, сабота, 17:00 и 21:00, театар Крушево
  • Училишен бенд и поетски вечери“, недела, 18:00

Цената за еден од настаните изнесува 70 денари, додека за целосната програма само 100 денари.

Настанот го предводат младите кои се волонтери во организацијата на Црвен крст во Крушево и оваа не е прва нивна активност. Зошто го кажуваме ова? Затоа што нема да погрешите ако присуствувате!!!

Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)