Пример за готварство – СОУ „Наум Наумовски Борче“ домаќин на најголемите имиња во областа
Крушевското средно училиште, особено угостителско-туристичкиот дел, стануваат дел од и домаќини на се поголеми настани во областа на готварството.
На 5-ти октомври во СОУ „Наум Наумовски Борче“ се одржаа мастер класови од познати имиња од областа – Стево Карапанџа, Драгица Лукин, Изток Легат, Томаж Возељ, Вук Митровиќ, Жељко Невен Бренец и Ѓорѓе Костиќ.
Овие големи имиња од готварството од екс-Ју просторите се запознаа со учениците од „Наум Наумовски Борче“ и во времетраење од 3 часа ги претставија своите мали готварски тајни.

Овој настан е уште една потврда за професионализмот и успесите на средното училиште која се демонстрира и на многу државни и меѓународни натпревари. Дополнително, мајсторите во готварството споделија пофални зборови за подготвеноста, дисциплината и организацијата на настанот.
Настанот беше инициран од Националната асоцијација на готвачи „ГАСТРОМАК“, Андријана Алачки.