Зошто е толку убаво во јануари?

Јануари е посебен месец, а зошто е тоа така прочитајте во редовите подолу.

Нова година е секогаш посебно убава во Крушево заради големиот број посетители, убавото време и снегот. Оваа година беше така, со исклучок на снегот.

Времето на 31-ви декември, на 1-ви и 2-ри јануари беше вистинска пролет. Можеби немавме снег, но имавме сончево време кое го искористивме за прошетка до Крушевско Езеро и забава со жива музика под отворено небо на Станич.

Потоа доаѓа празникот Дева кој е предвесник на Бадник и Божиќ. Уникатноста во Дева е што се работи за празник кој во христијански контекст го најавува Христовото раѓање. А, во Крушево најмладите со импровизирана ѕвезда во рацете ги посетуваат домовите и шират радосни песни. Овој празник привлекува се поголем интерес кај туристите. На овој начин 5-ти јануари се одбележува само во Витлеем, Израел.

На крајот на месецот се одбележува денот на раѓање на Тоше Проески. 25-ти јануари е денот кога луѓе од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Бугарија… се собираат во Крушево за да покажат дека Тоше има само датум на раѓање.

Но, еве деновиве снегот повторно се врати кај нас. Имаме 30 центиметри снег и времето се отвора. Типичниот јануари е повторно во Крушево. Погледнете фото подолу.

Тоа е нашето Крушево. Нашиот град е поубав од викенд во викенд. Станува едно од најпопуларните места, а за тоа не е виновен само снегот, туку и сите гости од државата и надвор од неа. Крушево е наше и ваше. Крушево во јануари е дестинација само за вас.

Тоа е нашето Крушево. Крушево е најубаво во јануари. Крушево е секогаш најубаво.

Share on:
Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)