Крушевска чаршија – синоним за образование, начин на живот и солидарност

Некогашната крушевска чаршија била надалеку позната низ времето. Таа некогаш во минатото вриела од живот и работа. Со оглед на сегашните (не)прилики, за жал останати се само мал број на занаетчии кои се обидуваат да ја одржат во живот крушевската чаршија и некогашната занаетчиска традиција.

Порано во Крушево имало над двесте калајџии, кои учеле занает главно во Грција или Романија. Сега има само двајца. Има и неколку бербери, кои за жал немаат млади ученици. Имало голем број на кројачи, ткајачи кои изработувале килими и јамболии од домашна волна. Во Крушево имало голем број на воденици кои сега се разурнати, а постоела и мелница за брашно. Исто така, имало и голем број на свеќари, фурнаџии, налбати, дограмаџии, бравари, казанџии. Работеле дваесет и осум чевлари, а има податоци дека кај нив занаетот го учеле голем број на чевлари од Прилеп и Битола. Имало и осум ковачи, како и сто и две групи на калајџии во турско време, кои оделе да заработуваат со својот занает и во соседните држави, како Бугарија, Албанија и Грција се до почетокот на балканските војни.

Чевлар „Габел“

Крушевчани биле доста добри ѕидари и терзии. Постојат податоци кои со сигурност можат да ги потврдат постарите жители на градот, дека шнајдерот на етиопскиот цар Хаиле Селасие бил крушевчанец. Доста прочуени биле и златарите, кои биле познати по филигранот и рачно изработениот накит и тргувале со Солун, Стамбол, араоските држави, Египет.

Во тоа време работел рудникот за злато во крушевското село Пуста Река, кој го експлоатирале уште Турците во нивното време.

Во Крушево имало анови кои имале доста работа во тоа време. Нуделе преноќиште за доста трговци кои врвеле со коњи и карвани. Имало и доста кафеани, а постарите се сеќаваат на првата ледница за мраз и првиот крушевски сладолед до 1924 година. Постоел дури и безистен, кој изгорел за време на Илинденското востание. Денес во крушевската чаршија за ќал останати се само неколку дуќани од времето пред востанието.

Бовар „Миле“

Некогашната крушевска чаршија работела многу убаво и солидарно. Постојат податоци дека крушевскиот еснаф имал каса за погребување на сиромашните. Трговците сами ги кажувале своите приходи и врз таа основа се формирала средна цена на данокот, така што на тој начин сите биле задоволни. Крушевскиот еснаф бил силен и влијателен, препознатлив по тоа што се штител и се борел за своите права. Секој еснаф си имал своја слава, на различен празник кога задолжително се одело прво во црква, а потоа се славело во домашна атмосфера.

Крушевските мајстори биле надалеку познати и претставувале еден вид на институција која се почитувала. Познато е дека крушевските мајстори, на своите синови кои го учеле занаетот им велеле: “Дома сум ти татко, а на дуќан сум ти мајстор” така што синовите на работа морале да им се обраќаат на своите татковци со “мајсторе”. Крушевската чаршија била многу жива и весела, од сите страни се слушало врева, работа…Дуќанџиите се грижеле за чаршијата и нејзиното одржување во живот. Таа давала култура на живеењето и работењето, еснафско воспитување, почит кон постар, почит кон муштерија, кон трудот и занаетот, кон мајсторот. Чаршијата со еден збор давала чаршиски, еснафски факултет.

Пишува: Наум Прешоски

National Geographic со препорака: Пробајте параглајдинг во Крушево

Во објавата „Истражете ги 10-те македонски најдобри природни и историски богатства“ Национална Географија го отсликува Крушево како совршена дестинација за параглајдинг авантура.

Во објавата стои дека Крушево е највисокиот град во Македонија и како дел од долината Пелагонија има одлични услови за летање со падобран.

Обоени крила го обојуваат небото како со четкичка за боење – се виорат, искачуваат и едриличат. Условите се толку добри што Светската воздухопловна федерација во 2016 овде го одржа Европското првенство во параглајдинг.“, стои во написот на овој светски познат интернет сајт.

Прочитајте го целиот текст на линкот: https://www.nationalgeographic.com/travel/destinations/europe/macedonia/top-10-things-to-do-in-macedonia/

Мојата визија за Крушево

Крушево ги има едни од најдобрите природни услови во светот за параглајдинг. Тоа е потврдено од учесниците на 16-тото Светско првенство за параглајдерство кое се одржа во 2019-та година во Крушево. Крушево, сакам да го видам како совршена светска дестинација за параглајдинг и змајарство, со соодветно уредено полетувалиште, инфраструктура и придружни содржини за учесниците и, генерално, авантуристичките туристи.

ФОТО ОД ПАРАГЛАЈДИНГ

Ружата на ветрови околу полетувалиштето на Мечкин Камен и Пелагонија, потоа пристапниот терен до самото полетувалиште, самата природна поставеност на теренот која е безбедна – без карпи, камења и слично, и, на крајот, чистиот воздух се дел од доминантните природни услови кои го прават нашето полетувалиште атрактивно.

Кога сме кај оние услови кои треба да сеовозможат од човечка рака тогаш Крушево се’ уште не го достигнало максимумот, но патот по кој се движи градот е во таа насока.

На полетувалиштето општина Крушево веќе има поставено вештачка трева и со тоа се означува површината на полетиштето, а самата трева помага тоа да е безбедно за падобраните кои можат да се оштетат од гранки и слично. Но, општината планира двојно да го зголеми просторот и со тоа да овозможи организирање на поголеми првенства и да се зголеми безбедноста. Во тек е набавка на нова вештачка трева од страна на локалната самоуправа.

Дополнително, општината веќе обезбеди и 4 милиони денари за изградба на објект на самото полетувалиште кое ќе ги задоволи потребите на професионалните параглајдеристи.

ФОТО ОД ТРЕВА

Кога ќе земеме во предвид дека Крушево има одлични патеки за планински велосипедизам и планинарење, вештачка карпа за искачување, спортски терени, многу историја, вкусна храна тогаш Крушево не само што е дестинација за параглајдеристи и змајари од целиот свет, туку и за авантуристички туристи.

Крушево – твојата дестинација за незаборавна авантура.

Како на слика нацртано – Крушево

Уникатната поставеност на куќите во Крушево создаваат една несекојдневна глетка. Од речиси секоја страна на градот може да се направат прекрасни фотографии и со часови можеме да се восхитуваме на самиот град и коријата околу.

Сепак, западната страна од градот го нуди најдобриот поглед. Токму од оваа страна ние од Викенд во Крушево ги правиме најубавите портрети од Крушево. Погледнете и восхитувајте се.

Кога зборуваме за вечерните или ноќни пејсажи погледот кон хотел Монтана Палас нуди најповолна перспектива за „зграпчување“ на ноќни пејсажи.

Сепак следната фотографија направена од When in Krusevo покажува дека поставеноста на Крушево нуди разновидни пејсажи. Во продолжение погледнете две фотографии, при денска светлина и во вечерни услови, и ќе се уверите дека Крушево е како измислено за фотографија.

Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)