Вашето место за нови спомени од Крушево

Свети Никола бутик хотел {by skar} е место за нови спомени од Крушево.

Располага со 8 соби кои имаат свои имиња (како: Св. Никола, Никола Мартиноски, Доилка и др.) кои во себе носат големо значење за Крушево.

Хотелот се наоѓа во центарот на градот, а истиот е во сопственост на пицерија Скар чии специјалитети ќе може да ги пробате како дополнително искуство.

Понудата на Свети Никола бутик хотел вклучува појадок и бесплатно кафе, додека самите соби нудат пријатен и модерен амбиент, од терасите може да уживате во пејзажите од Крушево и фасадата на објектот е уште едно обележје и на брендот и на град Крушево.

За да се информирате подетално и да резервирате следете ги следниве контакт адреси:

072 820 820
svetinikolahotel@gmail.com
Facebook.com
Instagram.com

Свети Никола Boutique Hotel by skar – Вашето место за нови спомени од Крушево.

Празнувањето на Дева започна, целта е хуманитарна

Започнува чествувањето на празникот Дева кој има хуманитарна цел со дарување на првото бебе родено по 5-ти јануари 2021 кога и практично се одбележува празникот.

Овој настан е дел од проектот „Одржлив развој на туризмот“, а одбележувањето годинава започна на 30-ти декември со поставување на колиба и каса за собирање пари за првороденото бебе.

Оваа година настанот е во значително помала форма заради коронавирусот и затоа секој кој сака да донира тоа може да го направи во градскиот парк во поставената каса. Целта, според организаторите, е настанот да биде забележан од туристите, а традицијата да биде испочитувана.

Ова е осмо по ред издание, а здруженијата на граѓаните од градот можат да го поддржат настанот со тоа што ќе изложат крушевски изработки во градскиот парк.

Крушево волшебно пред Нова година

Крушево се подготвува за Нова година. И покрај коронавирусот оваа година може да биде најубава од сите досега.

Оваа година крушевчани многу порано започнаа со новогодишните украсувања. Тоа е можеби така затоа што сите ние сме се повеќе во домашна атмосфера и почитуваме мерки, но Крушево го живее Новогодишниот моментувм уште од почетокот на овој месец.

Социјалните мрежи изобилуваат со фотографии од елки во домовите, а ако прошетате низ улиците на Крушево дење ќе ги забележите традиционалните украси во дворовите, а навечер светкави пејзажи кои од ден во ден се зголемуваат.

Оваа година ќе ја славиме посебно за истата побрзо да ја испратиме. Ни’ донесе многу тешкотии и се заканува да го наруши угледот и на Новата 2021-ва. Но, 2020-та не” научи на убавината на домашните дестинации, а Крушево е една од најубавите. Догодина ќе можеме да одиме во странство, но желбата за посета на Крушево и другите дестинации сигурно ќе остане.

Така што, во Крушево ве очекува пријатна атмосфера оваа Нова година. Таа ќе биде необична, но не мора да биде помалку убава, баш напротив. Крушево од ден во ден блеска се повеќе.

Она новогодишно чувство полека не’ обзема. За мене тоа е прекрасно чувство кога градот свети, во дневната соба елката дава отсјај на шаренолики лампиони, а на прозорците блескааt црвената, сината, жолтата и други бои.

Чувството тешко се опишува, но може да се доживее. Крушево е такво – пријателски настроено и овозможува да гo восприемиш целосно. Крушево блеска и целосно се доживува. Крушево за Нова година е едно поинакво доживување.

„Кај клупата“ во Крушево

Седни тука и погледни. Твоите очи ќе се исполнат со Пелагонија. Она што е посебно е дека тука ќе најдеш мир, ќе ги пуштиш мислите да пловат покрај нивите на вредниот работник и ќе одмориш и душа и снага и ќе уживаш.

Кај клупата во Крушево.

На ова место ќе оставиш се позади себе. Анализирајќи го пространиот простор пред очи всушност ќе се анализираш себе си. Овој поглед ќе те однесе на места на кои ретко си бил. Има посебна моќ.

Дојди тука, отседни и уживај. Посвети се на себе. Ќе го видиш пространството во самиот себе со самото тоа што гледаш пространство пред себе.

„кај клупата“ се наоѓаш некаде меѓу 1 250 и 1 350 метри надморска висина. Напред е поглед кој е за околу 600 метри висински подолу.

Додека седиш и се препушташ на моментот. Ќе те милува ветрот, ќе го слушаш звукот на гранките, лисјата, цветовите. Мирисот на природата ќе делува приспивно. Ќе се заборавиш и тука ќе отседнеш и со часови.

Од време на време ќе те врати во реалноста некој автомобил кој поминува на асфалтот. Во летниот период оваа „дистракција“ е поголема затоа што туристите се упатуваат кон параглајдинг центарот на Мечкин Камен.

Без оглед на се’, само дозволи погледот да те однесе некаде каде што ќе уживаш. Некаде можеби далеку, а пак ќе си тука.

Надиши се чист воздух и препушти и се на Пелагонија.

Горе на небото здогледај некое шаренолико летало. Параглајдерите ги има од март до ноември. Уживај во сината боја на небото затоа што од тука си поблиску до него. Лебди на мирот и чувствувај се удобно.

Кога доаѓаш тука земи си и закуска. Уживај во погледот и заслади се со омиленото јадење. Оваа комбинација не само што е проверена, туку и докажана.

Продолжи да се опседнуваш и дојди пак тука. Посети го ова место кое за тебе ќе биде синоним на удобството, мирот и целосно восприемање на природата.

*Ова место крушевчани го викаат „кај клупата“. Порано тука имало само една клупа. Денес има убава мала градба која е погодна и за во лето, кога сонцето е посилно и треба малку сенка за да биде пријатно.

Пишува: Сотир Габелоски

Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)