When in Krusevo назад во Крушево

На 6-ти август When in Krusevo се враќа во нашиот град. Еден од најпопуларните настани оваа 2021-ва повторно ќе ни овозможи авантура, спорт, рекреација, чист воздух и природа.

Програмата е во изработка и, како што известуваат организаторите, за многу скоро ќе биде објавена, а засега достапен е линк за пријавување.

Изминатите години имавме навистина еден несекојдневен настан во Крушево кој донесе многу луѓе, а и крушевчани навистина се радуваа на овој настан.

Сме учествувале во планинарските тури, планинскиот велосипедизам , пробавме тандем параглајдинг и кајак авантури, а во вечерните часови уживавме на забавите под отворено небо.

И оваа година очекуваме нова возбуда. Пријавете се на следниот линк, верувајте нема да зажалите. Клик ТУКА.

Време е за одмор, време е за Крушево

Крушево е преубаво на фотографија, но во живо, кога ќе стапнете на крушевското тло градот ќе го доживеете вистински.

Сезоната се отвора, а се зголемува бројот на настани кои се организираат. Времето конечно се разубави и во Крушево се забележуваат високи температури, но постојаното ветре го прави престојот не само поднослив, туку и вреден за уживање.

Вечерните часови се прекрасни, особено на Крушевско Езеро. Прошетките под отворено небо се пријатни како што ретко кога биле. Вечерите и ноќите во минатото биле реалтивно свежи и ретко кога е пријатно да излезете по кратки ракави. Но, ова лето е поразлично и ноќта е топла и пријатна и удобна за прошетка и дружба.

Самата квечерина, непосредно пред зајдисонцето крушевското небо е живо во бои. Тоа е едно прекрасно чувство. Едно чувство на слобода, на неверување, на длабоко вдишување. Во ова време можете и да испиете и кафе под отворено небо во некој од крушевските локали или пак на тераса. Овој дел од денот, кој не трае долго е можеби најубавиот. Зграпчете го!

Време е за одмор, време е за Крушево!

Голема традиција во Крушево – Св. Спас – празник на манастирот

Овие два дена, 9-ти и 10-ти јуни се денови посветени на христијанскиот празник Св. Спас кој е голема традиција во Крушево заради манастирот во падините на Бушева планина.

Манастирот забележува голема посетеност овие два дена. Не само од Крушево, туку и луѓе од Кривогаштани, Прилеп, Демир Хисар и Битола на 9-ти и 10-ти јуни се на манастирот каде што го одбележуваат празникот и се восхитуваат на убавината на самиот манастир и околината.

Манастирот Св. Спас е исклучително популарен и во текот на цела година заради самата убавина, околината исполнета со шуми и патеки кои нудат можност за прошетка, велосипедизам и други авантури.

Природата околу манастирот навистина знае да го земе здивот, но овие денови покрај природата се запазува и оваа долга крушевска традиција.

Овој празник се одбележува на точно 40 дена од Велигден и претставува симбол на вознесениете на Исус Христос. Според Светото писмо, на 40-от ден по воскресението Христос им се обратил на своите ученици и ги известил за спуштањето на Светиот дух.

До Спасовден верниците се уште се поздравуваат со „Христос воскресе – навистина воскресе“.

Вреди и вие да го посетите манастирот, а на сите Христијани им го честитаме овој голема празник.

И оваа година „Крушево низ корија“

Оваа година фестивалот Крушево низ корија ќе се одржи на 14-ти и 15 август. Овој настан се одржува по 7-ми пат во Крушево, а главната локација е Мечкин Камен.

Лабаво, како секоја година, ќе се собериме во кампот на Мечкин камен на 14 и 15 Август и ќе реализираме дводневна дружба за сите љубители на природата, адреналинот и спортот…..рокенрол и добра чашка се задолжителни.(авторски права за последниов муабет не се побарани Вратите се отворени за сите волонтери, добронамерници, добри људи и пријатели на фестивалот..

ве очекуваме, заеднички да напрајме уште еден квалитетен настан….седми пат по ред, не е мала заебанција – пишуваат организаторите на страницата на фестивалот.

Велосипедските тури се одржуваат на распространетите планински предели околу Крушево и вклучуваат неколку видови на тури.

Повеќе информации на официјалната Фејсбук страница на настанот.

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)

Krusevo Advisor

Krusevo Advisor