Голема традиција во Крушево – Св. Спас – празник на манастирот

Овие два дена, 9-ти и 10-ти јуни се денови посветени на христијанскиот празник Св. Спас кој е голема традиција во Крушево заради манастирот во падините на Бушева планина.

Манастирот забележува голема посетеност овие два дена. Не само од Крушево, туку и луѓе од Кривогаштани, Прилеп, Демир Хисар и Битола на 9-ти и 10-ти јуни се на манастирот каде што го одбележуваат празникот и се восхитуваат на убавината на самиот манастир и околината.

Манастирот Св. Спас е исклучително популарен и во текот на цела година заради самата убавина, околината исполнета со шуми и патеки кои нудат можност за прошетка, велосипедизам и други авантури.

Природата околу манастирот навистина знае да го земе здивот, но овие денови покрај природата се запазува и оваа долга крушевска традиција.

Овој празник се одбележува на точно 40 дена од Велигден и претставува симбол на вознесениете на Исус Христос. Според Светото писмо, на 40-от ден по воскресението Христос им се обратил на своите ученици и ги известил за спуштањето на Светиот дух.

До Спасовден верниците се уште се поздравуваат со „Христос воскресе – навистина воскресе“.

Вреди и вие да го посетите манастирот, а на сите Христијани им го честитаме овој голема празник.

Share on:
Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)