Понуда која не се пропушта во Авантуристички камп Корија

За викендот што следи авантуристичкиот камп Корија има неодолива понуда. Кампот Корија има специјална понуда за вас.

За само 500 денари ќе добиете ноќевање со појадок и оваа понуда важи само овој викенд. За деца до 10 години сместувањето и појадокот се бесплатни.

Сакате да поминете викенд далеку од градскиот хаос и бучава, да вдишете свеж воздух во природа и воедно да видите дел од убавините кои ги нуди Крушево?

Тогаш,
Авантуристички Парк Корија /Adventure Park Woodland
е вистински избор за вас.

Сместен длабоко во природата на градот Крушево, на падините на Бушева Планина, во густата букова шума, во непосредна близина на скијачките терени и Гумење (Крушевско Езеро).

Нуди прекрасна природа и авантуристички активности како што се пешачење, планинарење, велосипедизам, параглајдерство, како и вкусна храна . – пишува на официјалната Фејсбук страница на Кампот.

Не чекајте! Побрзајте и резервирајте!

НУЛИ апартмани

Нули Апартмани се наоѓаат во близина на двата хотели Монтана Палас и Панорама хотел и спа. Од центарот на градот се оддалечени 10 минути. Во близина се наоѓа црквата Св. Троица, како и мини маркет.

Располагаат со два комплетно опремени апартмани, со сопствено купатило, мини кујна ,ТВ, Wi-Fi, греење, тераса, паркинг.

Контактирајте не’ и ќе Ве поврземе со НУЛИ Апартмани.

vikendvokrusevo@yahoo.com
☎ 072/ 264 – 157

ВИКЕНД ПОНУДА Музеите се отворени, пробајте вкусна храна во Либра

Пред нас е првиот викенд за користење на ваучерите за туризам. Во Крушево има околу 20 сместувачки капацитети кои работат со овие ваучери, а деновите што претстојат носат уникатна понуда за вас.

Музеите се отворени по неколку месеци пауза и по подолго време можете повторно да ја почувствувате историјата на Крушево. Посетете ги Македониум, галеријата Никола Мартиноски и спомен куќата „Тодор Проески“ кои работат од 9 до 16 часот.

За вкусен ручек ви предлагаме да посетите еден од локалите во близина на музеите. Посетете го ресторан Либра и пробајте паста со кулен и растопен кашкавал.

За недела ви препорачуваме прошетка до манастирот Св. Преображение. Кога веќе сте на манастирот испешачете и до 33-метарскиот крст од каде што можете да го погледнете цело Крушево, околината и дел од Пелагонија. Крстот се наоѓа на 15 минути пешачење од самиот манастир.

Поглед од Св. Преображение

Посетете го Крушево уште овој викенд. Не’ очекува убаво време.

Од утре може да се користат ваучерите за туризам

Од утре, 15-ти јули, сите добитници на ваучери за туризам ќе можат да ги користат во еден од сместувачките капацитети во Крушево.

Ваучерите за туризам можат да се искористат само еднаш и само во еден угостителски објект.

Во Крушево корисници на ваучерот се двата хотели и 20-тина сместувачки капацитети од приватното сместување.

Ве очекуваме уште овој викенд!

Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)