Апартмани Алекс за релаксирачки и удобен престој

Апартмани Алекс се наоѓаат во центарот на Крушево кои истовремено нудат и такси услуги.

Луксузни апартмани со различен број на легла и свежо реновиран амбиент кој ќе ве намами кога еднаш ќе престојувате тука уште еднаш да дојдете.

Екстериерот е подеднакво убав како и ентериерот. Овие нови апартмани ќе го направат вашиот престој во Крушево релаксирачки и удобен.

Погледнете подолу уште неколку фотографии и контактирајте не’ за да ве сместиме во еден од најудобните апартмани во Крушево.

Контактирајте не’ на следниве адреси:

vikendvokrusevo@yahoo.com
078/324-980

Кое е најдоброто место за релаксација?

Пред неколку дена кога разговаравме во утринската емисија на МТВ 1 бев прашан кое е најдоброто место за релаксација во Крушево, место на кое можеме да отидеме на крајот од денот и да ги „потопиме“ сите грижи и проблеми од денот што изминува.

Не размислував ни момент. Во изминатите неколку седмици тоа е Крушевското Езеро. И, знам дека сме напишале неколку текстови за езерото, но дефинитивно тоа е најубавото место во Крушево во моментов, особено за намерите за кои со Кристина од МТВ разговаравме.

На прашањето на Кристина одговорив дека на ова место има клупи за седење кои овозможуваат поглед кој релаксира инстантно – поглед кон Крушевско Езеро. Исто така, до ова место води нов асфалтен пат кој дополнително го популаризира местото, а таму има пешачки и велосипедски патеки. Местото е како измислено за прошетки, возење велосипед, а своја релаксација наоѓаат и неуморните риболовци.

Многу пати сме пишувале за ова место, но ќе продолжиме да го правиме тоа оти во себе носи голема убавина, има уникатна моќ и треба дополнително да се популаризира.

Моето место за релаксација и полнење на батериите е Крушевското Езеро, а вашето?

Сотир Габелоски

Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)