За Илинден во Крушево

Илинден како еден од најголемите празници на Крушево е исполнет со туристи секоја година, многу содржини и допир со славното минато. Годинава нашиот Илинден ќе биде поразличен од минатите, но повторно овие денови ќе останат едни од најубавите за посета на Крушево.

Заради коронавирусот манифестација Десет дена Крушевска Република ќе биде значително изменета, но повторно ќе понуди содржини за поубав престој во нашиот град.

Во тој период од 10 дена се одржува и фестивалот на отворено When in Krusevo кој нуди планинарски, велосипедски, кајак и SUP тури.

Ве очекуваме во Крушево за Манифестацијата Десет дена Крушевска Република и ако се уште не сте резервирале место тогаш погледнете ја нашата листа на сместувачки капацитети.

Апартмани, вили и хотели во Крушево

Во Крушево на малку историја, чувство на херојство и адреналин

Крушево е синоним за херојство и тоа е отсликано преку многу крушевски локалитети, споменици, музеи. Херојството е најмногу поврзано со Крушевската Република од 1903-та, но не е изоставен придонесот на Партизаните, односно оваа фаза од историјата.

Крушево е важно историско место не само заради битките кои се воделе, туку и заради самиот развој на Крушево кој опфаќал различни етнички заедници. Денес Крушево е тријазична општина и симбол на соработката меѓу различни етникуми која датира од векови претходно.

Овие неколку вредности играат главна улога во туристичката понуда на градот. Покрај понудата од аспект на авантуристички туризам Крршево може да понуди и историја, многу настани кои создале слика за Крушево дека се работи за херојско место со голем удел во македонската историја.

Споменикот Илинден е еден од најпрепознатливите споменици во Крушево. Симболот на борбата на македонскиот народ е од особен интерес на странските туристи. Дополнително, самата архитектура на споменик создава голема љубопитност да се види и посети музејот.

Прочитај повеќе: Илинденско востание од 1903: историски пораки и значење

Се одржуваат и многу настани кои ги одбележуваат историјата и херојството на Крушево, а заедничката битка за слобода за Крушево создала многу приказни секогаш интереси за туристите.

Крушево има широка понуда и имате навистина многу причини да не’ посетите, затоа овој викенд ајде во Крушево на малку историја, чувство на херојство, а неизбежен е и адреналинот.

Музејска тура

Музејска тура – FEEL HISTORY се организира за 10 – 12 лица, со посета на сите музеи во град Крушево. Почнува од 10.00 часот пред Столбот на Крушевската Република, Посета на црките Св. Никола и Св. Јован – музеј на икони, Локум и кафе во автентичен амбиент на староградска крушевска куќа, Посета на музејот на Илинденското востание – леарница и збирка оружје од 1903 г. Посета на куќата во која живеел Никола Карев и споменикот на Никола Карев, Посета на споменикот Илинден и гробот на војводата Питу Гули, Посета на спомен куќата на Тоше Проески, Посета на музејот на Никола Мартиноски, Традиционелен ручек во автентичен амбиент на староградска куќа.

Во цената на турата се вклучени: влез во музеите, кафе, традиционален ручек и водич. (крушевска пита, проја, погача, крушевски колбаси, крушевско овчо сирење, ребра од фурна, гурабии со домашно слатко, домашна ракија). Турата се изведува исклучително со лиценциран локален туристички водич.  Времетраење на турата е 5 часа. Турата е пешачка и спаѓа во категории лесни тури. Цена 15 евра, со 15% попуст за рана уплата и за групна уплата.

Резервации на: contact@feelkrusevo.com

ВЛАШКА ТУРА

Влашка тураFEEL TRADITION се организира за 10 – 12  лица, со посета на објекти од традиционалната влашка култура. Почнува од 10.00 часот пред столбот на Крушевската Република. Посета на музејот на Никола Мартиноски и галеријата на влашки носии, Посета на влашката црква Св. Јован каде се наоѓа галеријата на икони од 17-ти век, Попатно застанување кај маалска чешма БУША, Посета на традиционална крушевска куќа – кафе, локум – Куќата на Пренда, Посета на леарницата – куќата на Вана Лапе, Посета на гробот на Питу Гули, Посета на гробното место на Тоше Проески, Посета на споменикот Илинден, Пешачење до Крушевското езеро, Посета на бачило.

Закуска на бачило или во крушевска влашка куќа (во зависност од временските услови) влашка погача, симитчиња, козјо сирење на плотна, овчо кисело млеко, ракија, ребра од фурна, компири на жар, печена тиква. Во цената на турата се вклучени: влез во музеи, кафе, традиционален ручек и водич. Турата се изведува исклучително со лиценциран локален туристички водич. Времетраење на турата е 5 часа. Турата е пешачка и спаѓа во категорија – лесна тура. Цена 15 евра, со 15% попуст за рана уплата и за групна уплата.

Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)