Вила Ла Кола
Вила Ла Кола е изградена во 2007 година, а е целосно реновирана во 2020 година. Се наоѓа во близина на црквата Св. Јован, на 2 минути пешачка одалеченост од центарот на градот. Располага со 9 соби, односно:
- Три двокреветни студија со еден брачен кревет, ТВ со кабловска, мини фрижидер, купатило и тераса со поглед спрема градот.
- Шест апартмани, кои имаат посебна спална соба за две лица и ТВ со кабловска, посебна дневна соба, ТВ со кабловска, аголна гарнитура која е во можност за пуштање и правење на два одделни кревети или еден брачен кревет, комплетно опремена кујна, купатило и тераса со поглед спрема градот.
- Сите соби имаат фен за коса, како и пешкири за користење. Вилата има заедничка просторија погодна за држба со пријателите. Во цел објект има бесплатен интернет (Wi-Fi) како и 24/7 достапна услуга, видео надзор и паркинг.
Контактирајте не’ и ќе ве поврземе со Вила ла Кола.
vikendvokrusevo@yahoo.com
075/318-779