When In Krusevo поинаков, но не помалку атрактивен

When in Krusevo оваа година ќе биде 10-дневно авантуристичко искуство и истражување на Крушево. Заради коронавирусот концептот е изменет, но не помалку атрактивен.

Фестивалот започнува од 1-ви и ќе трае до 10-ти август и ги нуди следните содржини:

  • Тандем парагалдјинг
  • Планинаски тури
  • Велосипедски тури
  • Трчање
  • Јавање со коњи

Организаторите обезбедуваат и награди за најдобрите. Но, во продолжение да ги погледнеме деталите за настанот.

When in Krusevo 2020, по четврт пат, ќе се одржи од 01. – 10. август насекаде низ Крушево и неговата околина. При тоа, во предвид ќе бидат земени сите безбедносни мерки и протоколи издадени и препорачани од релевантните институции.

Како да учествувате?

1. Се регистрирате на нашиот настан When in Krusevo 2020. (http://wheninkrusevo.mk) или линк за пријава: https://forms.gle/TYD3EhCsL3oGVJ1U9

2. Резервирате сместување според ваша желба кај некои од нашите добри домаќини и поддржувачи на настанот – контактите дополнително ќе бидат објавени.

3. Доаѓате во Крушево и користејќи ги поволностите што ги нуди When in Krusevo за своите учесници избирате авантура по Ваша мерка, креирате ваш предизвик, спортувате или едноставно се релаксирате (на Крушевското езеро, на Мечкин Камен, на манастирот Преображение, на манастирот Св. Спас, на терасата на Панорама или Монтана, во локалните таверни, етно ресторани… или на било кое место каде што вие посакувате).

Кои се поволностите и активностите што ги нудиме?

Параглајдинг: Уникатно адреналинско искуство на покривот на Крушево! Имате можност да уживате во неверојатниот поглед на крушевската околина и Пелагонија.
Со картата за учество во When in Krusevo добивате 50% попуст за ова неверојатно искуство.

Јавање со коњи: Единствена можност да го искусите ова кумитско искуство низ крушевските шуми и полиња. Уживајте во природата, пејзажите и чистиот воздух.
Со картата за учество во When in Krusevo добивате 30% попуст за ова неверојатно искуство.

Планински велосипедизам (MTB): Согласно препораките за безбедност, со цел да избегнеме групирање на повеќе луѓе, оваа година тимот на When in Krusevo ви обезбедува едноставна и прецизна навигација на големата и малата велосипедска тура. Искористете го вашиот престој во Крушево за незаборавно планинско возење по ваша мерка ☺

– Голема велосипедска тура (38 km): https://www.strava.com/routes/19755443
(се посетува: Крушевска корија, манастирот Преображение, Мусица 1788 мнв, Слива, Станич)

– Мала велосипедска тура (18 km): https://www.strava.com/routes/13450001
(се посетува: Крушевска корија, Слива)

Планинарење: Изберете ја вашата омилена планинарска тура, прецизно виртуелно обележана преку подолу наведените линкови. Запознајте ја крушевската природа и наполнете ги градите со чист планински воздух:

– Голема планинарска тура (20 km): https://www.strava.com/routes/13545510
(се посетува: Мусица 1788 мнв, Слива, манастирот Преображение)

– Мала планинарска тура (8 km): https://www.strava.com/routes/16894026
(се посетува: Крушевската корија, Слива, Крушевско езеро)

– Рекреативна пешачка тура: во и околу Крушево, според ваша желба, волја и кондиција ☺

Виртуелна трка во трчање. За љубителите на трчањето, во рамки на When in Krusevo 2020 организираме виртуелна трка во два сегмента:

– Најбрз на 5km
– Најмногу истрчани km

Награди: за трите најдобри резултати, поединечно во планирање, планински велосипедизам, најбрзо трчање на 5km и најмногу истрчани километри, учесниците ќе добијат уникатен медал за прво, второ и трето освоено место со логото нa When in Krusevo.

Напомена:

Основни правила за учество на виртуелната трка:
– натпреварувачите потребно е да бидат учесници на When in Krusevo,
– времињата и километрите се земаат во предвид само од 01. – 10.08.2020 на територија на Крушево;

Tрчањето, велосипедските и планинарските тури се одвиваат во сопствена режија и на сопствен ризик, без групирање согласно објавените рути.

Почитувањето на превентивните заштитни мерки од Covid-19, пропишани од релевантните институции, е задолжително за секој учесник.

When in Krusevo Outdoor festival ве очекуваме!

На мото тура во Крушево

Крушево и околината се одлични за велосипедизам, планинарење, собирање билки, но исто така и за мото тури.

Нашите другари Таки Јуца, Ташули Стојкоски, Валентин Мургоски и Стефан Новески речиси секоја недела ги користат пределите околу Крушево за тура со нивните мотори.

Мото турите се уште еден извор на адреналин во Крушево.

Најчесто главната цел на турата е врвот Мусица на 1788 метри надморска висина до кој се доаѓа користејќи ги земјените и т.н. стари патишта во Крушево.

Турата започнува од месноста Гумење и се движи по стариот пат за манастирот Св. Преображение. Од манастирот мото турата продолжува по нагорнините кои водат се до врвот.

Турата може да се движи и од Мечкин камен преку околината на и самиот ски центар. По патот се поминува низ трла, историски споменици како Слива, предели со билки и др.

Во оваа тура се опфаќаат многу предели на околината на Крушево, дури и подалечни делови кои се граничат со Македонски Брод и селата како Св. Митрани.

Ако сте љубители на мотори и невообичаена доза на адреналин тогаш искористете ги пределите опишани погоре.

НУЛИ апартмани

Нули Апартмани се наоѓаат во близина на двата хотели Монтана Палас и Панорама хотел и спа. Од центарот на градот се оддалечени 10 минути. Во близина се наоѓа црквата Св. Троица, како и мини маркет.

Располагаат со два комплетно опремени апартмани, со сопствено купатило, мини кујна ,ТВ, Wi-Fi, греење, тераса, паркинг.

Контактирајте не’ и ќе Ве поврземе со НУЛИ Апартмани.

vikendvokrusevo@yahoo.com
☎ 072/ 264 – 157

Трејлерот за Крушево е тука, го очекуваме целосното видео

Најавното видео за Крушево кое го изработува Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и партнерите е објавено. За многу скоро го очекуваме целосното видео, а по она што е објавено ќе биде неодоливо! #ДомаСиЕДома

Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)