Дали Крушево станува вело дестинација?
Не поминува викенд, а во летниот период не поминува ни ден, а да не се забележи возило со некрушевски регистарски таблички кое со себе носи барем еден велосипед. Само што заврши Крушево низ корија и When in Krusevo фестивали на кои се одржуваат велосипедски тури, а туристите и крушевчани продолжуваат со вело тури.
Имајќи го ова на ум, дали можеме да кажеме дека Крушево станува вело дестинација?

Крушево денес има 42 километри обележани велосипедски патеки, а Хотел Панорама работи на оспособување на нови патеки. Од хотелот најавуваат дека ќе се направат патеки за одржување на натпревари на меѓународно и светско ниво.
Кога ќе се погледне инфраструктурата која се унапредува и зголемениот интерес за ваков вид на активности дел од авантуристичкиот туризам можеме да очекуваме дека Крушево полека но сигурно станува вело дестинација. Крушево полека станува центар на многу вело настани и вело тури во сопствена режија од многу посетители.

Да не заборавиме, дека Крушево има и голем природен потенцијал за ваков туризам. Природата нуди многу, од потешки планински предели, полесни тури, градски тури, па се до можности за изнајмување велосипеди, вело водичи и друго.
Крушево станува се попривлечно за да го истражите на точак. Добредојдовте во Крушево – вашата омилена вело дестинација!