Голема мото тура, учесници од неколку градови
По објавата на нашиот портал мото тимот Драпачи од Скопје организира тура во Крушево заедно со дел од крушевските моторџии.
Турата се одржа пред две недели и на гостите од Скопје им беа прикажани најдобрите предели на Крушево.

Приказната за одржување на оваа тура започнува вака: По објавата на текстот На мото тура во Крушево на нашиот портал од тимот на Драпачи стапуваат во контакт со еден од моторџиите на Крушево. Преку онлајн комуникација се запознаваат, разменуваат искуства и тимот Драпачи изразува желба да дојде во Крушево на една заедничка тура.
Моторџиите крушевчани го известуваат тимот на Викенд во Крушево и најавуваат дека турата е можно да се одржи уште веднаш, во викендот што следи. Во недела тимот со неколку комбиња и други возила доаѓа во Крушево, пристигаат кај бензиската пумпа во градот, детално се подготвуваат и ја почнуваат турата. Останатото е прикажано од фотографиите.

Мото турата изобилуваше со адреналин, несекојдневни патеки и многу дружба. По завршувањето на турата во која учествуваа над 20 моторџии учесниците ја посетијата пицерија Скар на пробување на највкусните јадења од Крушево.

На тимот на Викенд во Крушево ни’ е особено драго што нашата сторија беше линкот со кој се поврзаа тимот Драпачи и крушевските моторџии. Ги покануваме членовите на тимот од Скопје повторно да не’ посетат.
