Музика, уметност и спорт викендов во Крушево

2 настани викендов во Крушево. Утре, на 21.05.2024, започнува 15-тото издание на P.S. Guitar Fest Krushevo во често на Христо Христоски Мулар. Втор настан кој започнува со свечено отворање во петок е 14-от Меѓунарден турнир во мал фудбал „Тоше Проески“.

P.S. Guitar Fest Krushevo го најавивме преку интервју со синот на Христо Христоски Мулар, Перо Мулар. Фестивалот ќе трае 3 дена, а концертите ќе се одржуваат во спомен куќата „Тодор Проески“. Целосната програма проследете ја тука.

Програма – P.S. Guitar Fest Krushevo

Веќе во сабота во 10 часот во спортската сала „Војвода Ѓорѓи Стојанов“ започнуваат натпреварите од меѓународниот турнир во чест на Тоше кој последните неколку години се одржува во родниот град на пејачот. Дел од турнирот ќе биде делегација од Нова Градишка, градот во чија близина Тоше Проески трагично го загуби животот.

Детали за настанот со клик на линкот.

Зошто е толку убаво во јануари?

Јануари е посебен месец, а зошто е тоа така прочитајте во редовите подолу.

Нова година е секогаш посебно убава во Крушево заради големиот број посетители, убавото време и снегот. Оваа година беше така, со исклучок на снегот.

Времето на 31-ви декември, на 1-ви и 2-ри јануари беше вистинска пролет. Можеби немавме снег, но имавме сончево време кое го искористивме за прошетка до Крушевско Езеро и забава со жива музика под отворено небо на Станич.

Потоа доаѓа празникот Дева кој е предвесник на Бадник и Божиќ. Уникатноста во Дева е што се работи за празник кој во христијански контекст го најавува Христовото раѓање. А, во Крушево најмладите со импровизирана ѕвезда во рацете ги посетуваат домовите и шират радосни песни. Овој празник привлекува се поголем интерес кај туристите. На овој начин 5-ти јануари се одбележува само во Витлеем, Израел.

На крајот на месецот се одбележува денот на раѓање на Тоше Проески. 25-ти јануари е денот кога луѓе од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Бугарија… се собираат во Крушево за да покажат дека Тоше има само датум на раѓање.

Но, еве деновиве снегот повторно се врати кај нас. Имаме 30 центиметри снег и времето се отвора. Типичниот јануари е повторно во Крушево. Погледнете фото подолу.

Тоа е нашето Крушево. Нашиот град е поубав од викенд во викенд. Станува едно од најпопуларните места, а за тоа не е виновен само снегот, туку и сите гости од државата и надвор од неа. Крушево е наше и ваше. Крушево во јануари е дестинација само за вас.

Тоа е нашето Крушево. Крушево е најубаво во јануари. Крушево е секогаш најубаво.

Параглајдингот назад во Крушево, Украинци и Руси најприсутни

Поголеми групи на параглајдеристи веќе доаѓаат во Крушево, а ова лето се очекува најприсутни да бидат авантуристите од Украина и Русија.

Полетиштето за параглајдинг во Крушево после долго време е исполнето со параглајдеристи. Небото над Крушево после долга пауза е повторно обоено со боите на овие летала, а градот е раздвижен од странски посетители.

Во овој момент нема официјални натпревари, односно првиот натпревар кој до сега е закажан е некаде на средината на август.

На 8-ми август започнува PrePWC Nearbirds Cup and Ukrainian Open првенство кое ќе трае до 14-ти август, а до почетокот на септември не’ очекуваат уште два меѓународни натпревари. Ова потврдува дека стотици натпреварувачи ова лето ќе престојуваат во Крушево после една година пауза.

Според претставниците од македонските параглајдинг клубови оваа година се очекуваат најмногу параглајдеристи од Украина и Русија и овие земји се очекува да доминираат во Крушево ова лето.

Добро е што авантурата се враќа во Крушево, а ние како љубители на овие убавини се радуваме што имаме што да видиме ова лето.

When in Krusevo назад во Крушево

На 6-ти август When in Krusevo се враќа во нашиот град. Еден од најпопуларните настани оваа 2021-ва повторно ќе ни овозможи авантура, спорт, рекреација, чист воздух и природа.

Програмата е во изработка и, како што известуваат организаторите, за многу скоро ќе биде објавена, а засега достапен е линк за пријавување.

Изминатите години имавме навистина еден несекојдневен настан во Крушево кој донесе многу луѓе, а и крушевчани навистина се радуваа на овој настан.

Сме учествувале во планинарските тури, планинскиот велосипедизам , пробавме тандем параглајдинг и кајак авантури, а во вечерните часови уживавме на забавите под отворено небо.

И оваа година очекуваме нова возбуда. Пријавете се на следниот линк, верувајте нема да зажалите. Клик ТУКА.

Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)