Екипата го подготвува видеото за Крушево, Агенцијата за туризам продолжува со #ДомаСиЕДома
Екипата на агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во саботата го снимаше промотивното видео за Крушево во рамки на кампањата Дома си е дома.
Дел од видеото ќе бидат најголемите атракции на Крушево како параглајдинг, велосипедизам, споменикот Илинден и многу други.
Тимот на агенцијата ја обиколува цела Македонија и подготвува промотивни спотови преку кои се промовираат домашните дестинации меѓу кои и Крушево.
Викенд во Крушево ја поддржува кампањата Дома си е дома и се приклучува на секој труд домашните дестинации да се прoмовираат и да се посетуваат од македонски туристи ова лето и до крајот на годината.
Сместувачките капацитети започнуваат со работа – Крушево 100 % рестарт!
Хотелите и сите останати сместувачки капацитети во Крушево се пред целосен рестарт! Протоколите се изготвени и на 22-ри јуни хотелите Монтана Палас и Панорама Спа започнуваат со работа.
Ова го најави директорот на Агенцијата за промоција и поддршка туризмот Љупчо Јаневски преку својот Фејсбук профил.
Донесени се протоколите за работа на хотелите и сместувачките капацитети во Македонија. Истите ќе отпочнат да се применуваат од 22.06.2020 година ??? #домасиедома– пишува Јаневски на својот профил.
Од наредната недела Крушево целосно се рестартира и токму таа е дестинацијата која е најбезбедна за вас ова лето. Добредојдовте! #ДомаСиЕДома
Музејска тура – FEEL HISTORY се организира за 10 – 12 лица, со посета на сите музеи во град Крушево. Почнува од 10.00 часот пред Столбот на Крушевската Република, Посета на црките Св. Никола и Св. Јован – музеј на икони, Локум и кафе во автентичен амбиент на староградска крушевска куќа, Посета на музејот на Илинденското востание – леарница и збирка оружје од 1903 г. Посета на куќата во која живеел Никола Карев и споменикот на Никола Карев, Посета на споменикот Илинден и гробот на војводата Питу Гули, Посета на спомен куќата на Тоше Проески, Посета на музејот на Никола Мартиноски, Традиционелен ручек во автентичен амбиент на староградска куќа.
Во цената на турата се вклучени: влез во музеите, кафе, традиционален ручек и водич. (крушевска пита, проја, погача, крушевски колбаси, крушевско овчо сирење, ребра од фурна, гурабии со домашно слатко, домашна ракија). Турата се изведува исклучително со лиценциран локален туристички водич. Времетраење на турата е 5 часа. Турата е пешачка и спаѓа во категории лесни тури. Цена 15 евра, со 15% попуст за рана уплата и за групна уплата.
Влашка тура– FEEL TRADITION се организира за 10 – 12 лица, со посета на објекти од традиционалната влашка култура. Почнува од 10.00 часот пред столбот на Крушевската Република. Посета на музејот на Никола Мартиноски и галеријата на влашки носии, Посета на влашката црква Св. Јован каде се наоѓа галеријата на икони од 17-ти век, Попатно застанување кај маалска чешма БУША, Посета на традиционална крушевска куќа – кафе, локум – Куќата на Пренда, Посета на леарницата – куќата на Вана Лапе, Посета на гробот на Питу Гули, Посета на гробното место на Тоше Проески, Посета на споменикот Илинден, Пешачење до Крушевското езеро, Посета на бачило.
Закуска на бачило или во крушевска влашка куќа (во зависност од временските услови) влашка погача, симитчиња, козјо сирење на плотна, овчо кисело млеко, ракија, ребра од фурна, компири на жар, печена тиква. Во цената на турата се вклучени: влез во музеи, кафе, традиционален ручек и водич. Турата се изведува исклучително со лиценциран локален туристички водич. Времетраење на турата е 5 часа. Турата е пешачка и спаѓа во категорија – лесна тура. Цена 15 евра, со 15% попуст за рана уплата и за групна уплата.