Улицата на Тоше во ноќните часови

Во вечерните и ноќните часови Улицата на Тоше изгледа подеднакво убаво. Боите на цвеќињата и тревата се впечатливи како и дење, тишината е засилена, а песните на Тоше доаѓаат до израз и споменикот сјае.

Чекорот по улицата во вечерните часови по крушевските скали сега има поинакво чувство. Тука е пријатниот мирис, тука се песните и јасно е осветлено името на улицата. Центарот на Крушево доби уште едно убаво место по кое не смеете да не поминете во вашите вечерни прошетки.

Улицата ја има истата енергија како и при дневна светлина. Дефинитивно, ова е едно од најубавите места во Крушево.

Дома си е дома – Дали конечно ќе „не освести“ ова?

Од дамнешни времиња, или поточно од кога постои човекот, постои и потребата за патување, првенствено заради потреби како менување на местото на живеење, наоѓање на храна, плодна почва итн. Од друга страна, човекот патува и за одмор и релаксација, за да го запознае светот и да го види начинот на живеење и културите на другите народи, што претставува нешто од кое може најмногу да се научи и да се добие едно животно искуство кое вреди повеќе од пари или било какви материјални нешта и е искуство кое никој не може да ни го земе. Секое место во светот е вредно да се посети, меѓутоа, не секое место може да се пофали со природни услови за развој на туризмот.

Некаде природата не штедела од таа гледна точка и го создала она што е ретко, необично, несекојдневно и вреди да се види секако. Таква една земја е нашата Македонија. Земја која поседува многу природни богатства како планини, котлини, езера, кањони и други природни реткости кои треба да се видат. Земја позната по производството на тутун, пиперки, земја во која се произведуваат едни од најдобрите вина кои се светски познати.

Името Македонија и Македонците како народ се познати од многу одамна. Можеби, нашата држава е една од најстарите во светот. Така што, тука освен тоа што постојат природни реткости кои вреди да се видат, постојат и многу споменици и места каде се одиграле клучни историски настани. Исто така, има и многу антички локалитети и градби кои се зачувани до денес, а потекнуваат од римско, византиско, турско, па и од поново време. Сето ова ја прави нашата земја една интересна туристичка дестинација која вреди да се истражи.

Македонците, пак, како народ се познати по тоа што се гостопримливи и пријателски расположени. За да некој каже дека патувал и вистина научил нешто од тоа, добил некое искуство, треба прво да патува низ својата земја, да го осознае прво своето, да е свесен кој е и од каде потекнува, каква е неговата култура, па дури потоа да патува низ светот и да научи нови места, нови култури, а истовремено и да ја претстави својата земја таму каде што оди, а во случајот со нашата земја има многу што да се претстави. Секој човек треба да е амбасадор прво на местото од каде што потекнува, а потоа и на својата држава и својата култура.

Кај нас, за жал, од една страна постојат многу луѓе кои не прошетале или недоволно прошетале и недоволно ја запознале нашата држава, па сметаат дека Македонија нема некој голем потенцијал за патување и истражување. Од друга страна пак, постојат луѓе кои го посетиле скоро секое место низ нашата држава и се свесни дека имаме нешто кое вреди да се посетува одново и одново, како и да се промовира секаде низ светот.

Во последните неколку месеци, заради светската криза со вирусот Ковид 19, се почести се патувањата низ нашите туристички центри и се почесто може да се видат различни реклами кои ги претставуваат нашите дестинации и нивните потенцијали, нешто што реално требаше да се случи многу порано. Се наметнува прашањето, дали треба да се случи светска криза, за ние како народ конечно да се сетиме дека треба да си ја запознаеме нашата земја, да си ја цениме како што сите нормални народи си ги ценат своите земји, своите култури и се она нивно што е посебно и специфично во однос на другите земји и народи?

Секое нешто што се случува на Земјата, си има свои позитивни и негативни страни. Во црното секогаш има бела точка и обратно, според законот на „јинг и јанг“, еден од основните концепти во кинеската филозофија. Можеби коронавирусот ќе не „освести“ на некој начин и конечно ќе почнеме да си ја цениме и сакаме нашата држава.

Или, сепак не?

Наум Прешоски

Апартман Нане – вистинско место за одмор

Апартман Нане е еден пријатен апартман во Крушево во непосредна близина на хотелската зона. Околината на апартманот нуди прекрасна природа, чист воздух и мир, а гостопримството ќе ве изненади позитивно.

Ако сакате пријатна атмосфера, опремен апартман со телевизија, бежичен интернет и место за паркинг тогаш изберете го апартман Нане.

Свежината која ја носи овој реновиран апартман ќе ви овозможи вистински одмор.

Контактирајте не’ и ќе Ве поврземе со Апартман Нане. 075/618-684

Вила Себастијан – мирис на ново и неодолив пејзаж

Вила Себастијан е местото каде што можете максимално да уживате во панорама на Крушево. Прозорците на вилата нудат прекрасен поглед кон градот кој ќе ви ги наполни батериите.

Прекрасниот поглед е зачинет со комфор и мирис на ново, со оглед на фактот дека оваа вила е една од поновите во Крушево.

Цените се пристапни, а Вила Себастијан нуди и сопствен паркинг.

Еве што ви порачуваат вашите домаќини од Вила Себастијан:

Вила Себастијан е лоцирана во мирна и спокојна околина на историскиот град Крушево. Нуди посебен панорамски поглед на градот со своите 7 опремени апартмани. Вилата поседува сопствен паркинг за повеќе автомобили, а собите располагаат со тераса, TV, wi-fi, парно греење, кујна и купатило.

На само 5 минути до центар и 2 минути до жичарницата. Ваше е да изберете, а наше е да Ве удостоиме на најдобар можен начин! Ве очекуваме, драги наши.

Контактирајте не’ и ќе Ве поврземе со Вила Себастијан. 077/442-638

Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)