Вила Ла Кола

Вила Ла Кола е изградена во 2007 година, а е целосно реновирана во 2020 година.  Се наоѓа во близина на црквата Св. Јован, на 2 минути пешачка одалеченост од центарот на градот. Располага со 9 соби, односно: 

  • Три двокреветни студија со еден брачен кревет, ТВ со кабловска, мини фрижидер, купатило и тераса со поглед спрема градот.
  • Шест апартмани, кои имаат посебна спална соба за две лица и ТВ со кабловска, посебна дневна соба, ТВ со кабловска, аголна гарнитура која е во можност за пуштање и правење на два одделни кревети или еден брачен кревет, комплетно опремена кујна, купатило и тераса со поглед спрема градот.
  • Сите соби имаат фен за коса, како и пешкири за користење. Вилата има заедничка просторија погодна за држба со пријателите. Во цел објект има бесплатен интернет (Wi-Fi) како и 24/7 достапна услуга, видео надзор и паркинг.

Контактирајте не’ и ќе ве поврземе со Вила ла Кола.

vikendvokrusevo@yahoo.com
075/318-779

Каса Ла Кола

Каса Ла Кола е изградена во 2011 година. Се наоѓа во близина на црквата Св. Јован, на 2 минути пешачка одалеченост од центарот на градот. Вилата располага со 6 соби, односно:

  • Две двокреветни студија (2+1) со еден брачен кревет и софа која има можност за пуштање, опремени со ТВ со кабловска, купатило, фен за коса, мини сеф и чајна кујна која ги има сите потребни елементи и апарати за целосно функционирање.
  • Четири трокреветни соби опремени со ТВ со кабловска, купатило, фен за коса, мини сеф, мини фрижидер.

Сите соби имаат пешкири за користење, бесплатен интернет Wi-Fi во целиот објект, 24/7 достапна услуга и видео надзор. Вилата има заедничка просторија погодна за дружба со пријателите и комплетно опремена кујна достапна за користење на гостите 24/7.

Контактирајте не’ и ќе ве поврземе со Каса ла Кола

vikendvokrusevo@yahoo.com
075/318-779


Апартмани Бубамара – катче со привлечни содржини

Во центарот на Крушево се наоѓаат Апартмани Бубамара кои покрај комфорното сместување нудат различни содржини за да ве натераат да останете ден плус во Крушево.

Бубамара располага со удобни апартмани во кои има соодветни лежаи и за деца и за возрасни, а апартманите нудат содржини како пинг понг маса, тераса со панорама и паркинг простор доколку доаѓате со сопствено возило.

Уникатниот амбиент не само во апартманите, туку и на терасата ќе ви го даде уникатното чувство дека сте во местото на традиција и култура – Крушево.

Апартмани Бубамара се дел и од сместувачките капацитети кои се корисници на ваучери за туризам. Целосната листа на следниот линк.

Резервирајте!

Контактирајте не’ и ќе Ве поврземе со Апартмани Бубамара. 075/202-190

Апартмани Алекс за релаксирачки и удобен престој

Апартмани Алекс се наоѓаат во центарот на Крушево кои истовремено нудат и такси услуги.

Луксузни апартмани со различен број на легла и свежо реновиран амбиент кој ќе ве намами кога еднаш ќе престојувате тука уште еднаш да дојдете.

Екстериерот е подеднакво убав како и ентериерот. Овие нови апартмани ќе го направат вашиот престој во Крушево релаксирачки и удобен.

Погледнете подолу уште неколку фотографии и контактирајте не’ за да ве сместиме во еден од најудобните апартмани во Крушево.

Контактирајте не’ на следниве адреси:

vikendvokrusevo@yahoo.com
078/324-980

Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)