БРАЌА ЗЕМЈАЦИ, Крушево низ корија овој викенд

Браќа земјаци и мили комшии!….. Ние, вашите вечни комшии, пријатели и познаници од убавото Крушево и од неговите китни села, ве каниме на седмиот по ред фестивал на отворено Крушево низ корија, без разлика на вера, народност, пол и убедувања..!
Годинава фестивалот ќе се случи на 18 и 19 Септември(сабота и недела)…активностите и стартот на турите традиционално ќе бидат во кампот на Мечкин камен.

Утре и задутре (18 и 19) септември ќе се одржи Крушево низ корија кој содржи велосипедски тури, тандем параглајдинг и КЗЖ со ди џеј сетови.

Целосната агенда погледнете ја на следниот линк.

Share on:

Голема традиција во Крушево – Св. Спас – празник на манастирот

Овие два дена, 9-ти и 10-ти јуни се денови посветени на христијанскиот празник Св. Спас кој е голема традиција во Крушево заради манастирот во падините на Бушева планина.

Манастирот забележува голема посетеност овие два дена. Не само од Крушево, туку и луѓе од Кривогаштани, Прилеп, Демир Хисар и Битола на 9-ти и 10-ти јуни се на манастирот каде што го одбележуваат празникот и се восхитуваат на убавината на самиот манастир и околината.

Манастирот Св. Спас е исклучително популарен и во текот на цела година заради самата убавина, околината исполнета со шуми и патеки кои нудат можност за прошетка, велосипедизам и други авантури.

Природата околу манастирот навистина знае да го земе здивот, но овие денови покрај природата се запазува и оваа долга крушевска традиција.

Овој празник се одбележува на точно 40 дена од Велигден и претставува симбол на вознесениете на Исус Христос. Според Светото писмо, на 40-от ден по воскресението Христос им се обратил на своите ученици и ги известил за спуштањето на Светиот дух.

До Спасовден верниците се уште се поздравуваат со „Христос воскресе – навистина воскресе“.

Вреди и вие да го посетите манастирот, а на сите Христијани им го честитаме овој голема празник.

Share on:

Јавање коњи – нова сезона нова авантура

Во Крушево целосно се рестартира и јавањето коњи. Ова е се’ уште релативно ново искуство во нашиот град и недоволно истражено.

Многу од оние кои веќе го пробале ова искуство во Крушево веќе го препорачуваат јавањето на коњи, а она што е дополнително привлечно се самите предели по кои се организираат турите.

Турите се организирани на едно многу професионално ниво и единствено што треба да направите е да го исконтактирате клубот и да си ја закажете својата тура/авантура.

За да погледнете повеќе фотографии и да се информирате следете ја официјалната страница на Коњичкиот клуб Мусица.

Share on:

Крушевско Езеро навечер делува магично ФОТО

Нашето омилено Крушевско Езеро се подготвува да биде најубавото место и во вечерните и ноќните часови. Започна осветлувањето и за почеток е осветлена браната, односно патеката која го врзува едниот со другиот крај на езерото и патеките за пешачење и велосипед.

Патот до Езеро ќе биде исто така осветлен, а фотографиите кои ги направивме му даваат дополнителна живост на местото.

Местото делува магично. Вечерните прошетки сега ќе бидат подеднакво убави како и денските.

Погледот кон осветлениот дел е навистина нешто прекрасно. Заедно со околните светилки местото добива свој вечерен дух.

Магијата на Крушевско Езеро делува бескрајна. Фотографиите го потврдуваат тоа, но мора да го посетите ова место и во вечерните часови за целосно да го доживеете чувството.

Share on:
Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)