Браво за Наум Наумовски Борче, храната е растечки туристички адут
Туристичкиот потенцијал расте, а ако мислевте дека ќе зборуваме за параглајдингот, некој нов настан во Крушево или Крушевското Езеро… нема да биде така. Овој пат ќе пишуваме за еден друг потенцијал кој го промовира Крушево, ја подобрува понудата и директно ги вклучува крушевчани.
Средното општинско училиште „Наум Наумовски Борче“ продолжува да реди успеси кои позитивно делуваат на туризмот, додека истовремено се надградува. Со учеството на меѓународниот гастрономски фестивал „Бисер мора“ во Хрватска учениците и професорите учесници покажувајќи ги своите способности ја промовираа крушевската храна, но и градот како дестинација во целина.

Заедно со тимот на Гастромак „Наум Наумовски Борче“ освои награди во трите категории во кои учествуваше. Категориите се однесуваат на приготвување на пилешко месо, послужување на риба и бело вино и припрема на татар бифтек и послужување црвено вино.
ПОВРЗАНО: Гастрономските успеси на учениците од ННБ
Она што е уникатно за овогодинешниот настан е одржувањето на мастер класови во подготовка на традиционалните крушевски јадења ајвар и пита. Тоа само покажува колку нашите јадења стануваат препознатливи надвор од нашата држава, а кујната е се поголем адут на Крушево.

Уникатноста во крушевската и македонска кујна е причина заради која се повеќе луѓе ќе доаѓата во Крушево, а средното училиште има голема заслуга за тоа. Промоцијата на вакви настани дополнително зборува за квалитетот кој се нуди во градот и истовремено делува како туристичка атракција и туристичко информирање за дестинацијата.
Храната продолжува да биде наша алатка во промоција на туризмот и традицијата, додека знаењето и овие искуства на учениците запишани во крушевското средно училиште даваат до знаење дека традиционалните јадења уште многу долго ќе се подготвуваат по мерак на сегашните и идни туристи.
За активностите на Наум Наумовски Борче информирајте се ТУКА.