За нови викенди во Крушево во 2023

Многу викенди заедно поминати, а во последните денови од 2022 година да наздравиме за уште повозбудливи викенди во Крушево во Новата 2023-та.

Крушево станува се поомилено место. Туристите се тука буквално секој викенд. Верувајте, го разубавувате нашиот град.

Планинаревме, пробавме тандем параглајдинг, возевме точак, вкусувавме традиционална храна, уживавме во домаќинлакот на крушевските угостители, трчавме и се натпреварувавме, танцувавме на музика, вдишувавме и издишувавме адреналин… Многу активности во годината што изминува. Токму набројувањето на само дел од нив го прави дочекот на Нова година уште повозбудлив.

Многу од Вас, драги читатели, уште од петок ќе бидете во Крушево. Заедно ќе ја дочекаме 2023 година и со сонце низ прозорецот ќе се разбудиме на првото утро. Останатите кои ќе бидат во некој друг туристички центар во Македонија сигурно го испланирале првото доаѓање во Крушево наредната година. Викенд во Крушево ве предизвикува веќе во јануари да биди вашето прво патување до градот на 1 250 метри надморска висина. Резервирајте го вашето место и уживајте во чистината и свежината на нашиот и ваш град.

Крушево е подготвено за исполнета, возбудлива и содржајна 2023 година. Ве очекуваме час поскоро!

Share on:
Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)