Песните на Тоше одекнуваат во центарот на Крушево

Уредувањето на Улицата на Тоше продолжува со поставување на озвучување од каде што се слушаат безвременските песни на Тоше. Погледнете го видеото и почувствувајте ја атмосферата. Уште подобро – дојдете во Крушево и слушнете ги неговите песни и почувствувајте го неговото присуство.

Проектот за уредување на Улицата на Тоше започна со засадување дрвца и цвеќиња и поставување на систем за озвучување од каде се слушаат песните на Тоше. Општина Крушево и Платформата за развој на туризмот продолжуваат со уредување на оваа улица.

Share on:

Олимпискиот спорт спортско качување достапен и во Крушево

Со поставувањето на карпата за искачување во спортската сала во Крушево градот станува уште попривлечна дестинација од аспект на понуда на модерни алатки за спорт и авантуристички туризам. Спортското качување станува олимписки спорт и за прв пат се воведува на олимписките игри во Токио 2021 година, а со поставувањето на карпата за искачување овој спорт е достапен за туристите во Крушево.

Проектот на општина Крушево со посебен фокус на карпата за искачување е избран за проект на неделата. Еве што пишуваат од официјалната „Фејсбук“ страница на Проектот за локална и регионална конкурентност.

„Спортското качување за првпат ќе биде воведено како спорт на летните Олимписки игри кои се одржуваат 2021 година во Токио, а болдерингот ќе биде една од трите негови дисциплини.

Фото: Проект за локална и регионалн конкурентност

Болдеринг е спортска дисциплина која обично се изведува на карпи високи до 6-7 метри, без никаква помошна опрема, а за заштита од повреди се користат единствено душеци, кои се поставуваат под карпата на која се качува натпреварувачот. #LRCP #ЕУзаТЕБЕ #ПотпроектНаНеделата“, стои во објавата.

Поставувањето на карпа за искачување е во рамки на пот-проектот „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“ кој е финансиран од ЕУ, а го имплементира општина Крушево со крајна цел збогатување на авантуристичката понуда и привлекување поголем број на авантуристички туристи.

Share on:

Како да се регистрирате на Викенд во Крушево?

Уште од првиот ден веб платформата Викенд во Крушево забележува голема популарност. Тоа е единственото што треба да го знаете за да се регистрирате со вашата услуга на нашиот веб сајт.

Доколку сакате вашите апартмани, вила, ресторан, пицерија, кафеана, хотел и друго да имаат свое место на Викенд во Крушево – вашиот онлајн туристички водич направете го следново:

  1. Испратете ни инфо за вашиот производ или услуга (тип на услуга, назив, локација, цени и сл.)
  2. Испратете ни неколку фотографии,
  3. Испратете ни Ваши контакти.

Информациите испраќајте ги на нашиот мејл vikendvokrusevo@yahoo.com или на „Фејсбук“

Share on:

Машина наспроти дрво, индустријализација наспроти природа – кој победува?

Често пати индустријализацијата, човечката рака преку машините што ги создала во желбата да си го разубави своето секојдневие навлегува длабоко и понекогаш ја злоупотребува природата. Онаа природа создадена од Виша сила која сите ја бараме. За да воздивнеме, да вдишеме и издишеме, да посакаме целиот живот да го поминеме во таа природа…

Фотографијата го симболизира судирот меѓу модерното време кое се’ повеќе е опкружено со бетон, високи згради и стеснет простор за природата. Често пати, природата ја губи бутката со машините. Во тој судир нема конечен победник, но сите ние имаме чувство како се повеќе ни’ фали природата која нос мир, тишина и духовно и физичко прочистување. Ни’ фали затоа што се повеќе живееме во простор каде што се што е природно го заменуваме со вештачко.

Туризмот во светски рамки се менува во насока кон природата. Туристите кои доаѓаат во Крушево сакаат да го почувствуваат природното и не сакаат да седат во затворен простор, туку се трудат целосно да ја восприемат природата кога се тука. Сакаат да пијат кафе под липите во центарот на градот додека листовите се лулаат низ воздухот. Сакаат да пробаат крушевско сирење, мед, локум… сите овие подготвени на природен начин. Сакаат да се оддалечат од реалноста во која нема природа и да се доближат до она изворното. Крушево тоа и го нуди.

Фотографијата погоре е симбол на судирот меѓу една машина и едно дрво. Машината навлегла на територија на природата, но дрвото, листовите, гранките и езерото не ја даваат своја територија така лесно, а се чини и ние туристите сме на страна на природното.

Фотографијата е и симбол на развојот на туризмот, каде што се’ повеќе преовладува чистиот воздух, зелената боја и природата во целина. Туристите се повеќе бараат места како Крушево отколку плажи и море.

Сотир Габелоски

Share on:
Krusevo Advisor

Krusevo Advisor

error

Уживате во нашиот сајт? Споделете да дознаат и другите. :)